Зошто и како да користите Facebook реклами


Сите оние кои ја користат социјалната мрежа уште од 2004 година имаа ексклузивна можност да бидат сведоци на неверојатниот развој и раст на она што денес е третиот најпосетуван веб сајт во светот: Facebook.

Facebook го револуционизира начинот на кој живееме и се дружиме, начинот на кој се поврзуваме со светот, комуницираме и споделуваме, но и целосно го промени начинот на кој модерните маркетери работат.

Денес ние ќе зборуваме за реклами на Facebook, една од најкористените платформи за онлајн рекламирање во светот.

Доколку сеуште не користите реклами на Facebook и се прашувате дали тоа е вистинскиот избор за вас и вашиот бизнис, вие сте на вистинското место. Што претставуваат Facebook Ads, како се водат кампањи и зошто да ги користите?

 

Што е Facebook Ads Manager?

Facebook Ads Manager е платформа на истоимената социјална мрежа која се користи за реклами. Слично како и Google Ads, кампањите на Facebook Ads Manager се поделени на три нивоа: Campaigns (кампања), Ad Sets (група на реклами) и Ads (реклами).

За да креирате кампања, прв и неопходен чекор е да се дефинира целта, избирајќи помеѓу 3 макро-категории: Awereness, Consideration и Convertion.

Штом ќе ja одредите целта, може да продолжите кон избирање детали за кампањата: цел, буџет, време за објавување, понуда и пласман.

На ниво на реклами, овде го поставувате “креативот“ кој сакате да го привлече вниманието на корисниците: слика, галерија слики или видео, текст, повици за акција (call to action) копчиња и линкови каде сакате да ги донесете потенцијалните клиенти.

Зошто да користите Facebook Ads?

Одговорот е многу едноставен: непотребно е да се каже колку Facebook влезе во животот на – буквално – милијарди луѓе во светот: од Америка до Европа, до целиот свет. Можам да ви наведам 7 конкретни и валидни причини зошто да го користите Facebook Ads Manager како канал за зајакнување на вашиот бизнис:

1. Милијарди корисници во едно место. До денес, Facebook има 2.2 милијарди активни корисници; вашите клиенти се и ќе останат на Facebook уште долго време.

 

2. Податоци. Facebook е плод на брилијантна идеја, но тоа што стана глобален гигант се должи на една причина: Big Data! Милијарди корисници кои кореспондираат со речиси бесконечен број на податоци. Да плаќате за маркетинг, а да не ги користите овие податоци е вистинска штета.

 

3. Прецизност при таргетирање и оптимизација на кампањите. Разговаравме за количината на податоци до кои имате пристап. Но, тие податоци може да се искористат кога таргетирате публика за вашата реклама. Корисниците се таргетират врз основа на демографски информации, образовни квалификации, семеен состав, интереси, место на раѓање/живеење, активности преземени на интернет и многу повеќе – и на исклучително интелигентен начин! Покрај тоа, Facebook Ads Manager е одлична алатка за ре-маркетинг: спонзорираните реклами за посетителите на вашиот сајт ќе бидат одличен начин за зголемување на Convertions.

 

4. Зголемена ефективност. Добро познато е дека рекламите на Facebook значително го зголемуваат ROI во просек и во B2C и B2B. Во денешно време, добра Facebook кампања е неопходен елемент за секој кој сака да пристапи на светот на дигитален маркетинг. Непотребно е да се каже, но, реклами на Facebook се потербни за секаков бизнис од било која индустрија.

 

5. Рекламите може да се објавуват директно и/или само на Instagram. Со едноставен клик можете да изберете на која социјална мрежа ќе ја прикажете кампањата. Така на едно место ќе имате прегледност на вашите два главни социјални профили.

 

6. Цената за клик е генерално пониска отколку во Google Ads. Тоа не е апсолутно правило, но CPC има тенденција да биде помала во многу сектори.

 

7. Постојано расте како платформа. 14 години по неговото лансирање, Facebook постојано расте – во моментов вреди над 500 милијарди долари, што е околу 41 пат повеќе од вредноста на Twitter. Исто така, буџетите одвоени за рекламирање на социјалните медиуми двојно се зголемија во последните две години, а и продолжуваат да се зголемуват – прогнозата за пораст за 2019 година е над 26%!

 

Facebook Ads vs Google Ads

Кога станува збор за платено онлајн рекламирање, потпирањето на Google Ads секогаш изгледа најочигледна опција. Кои се разликите помеѓу двата канала?

Прво и основно, добро е да се знае основната разлика: рекламирањето на Google е генерално насочено кон директно или свесно прашање, бидејќи тоа се реклами поврзани со директно пребарување од страна на корисниците. Facebook, од друга страна, ја покрива несвесноста: ни овозможува да стигнеме до потенцијални клиенти, добро профилирани и насочени.

За да се разбере која алатка е најсоодветна за вашиот бизнис, прво мора да се запрашате кои се целите на кампањата. Ако е насочена кон несвесната побарувачка, која не е изразена или изразена преку пребарување, Facebok Ads е, секако, најсоодветен избор.

Ако, од друга страна, сакате да се свртите кон свесно прашање, класичните реклами на Google Ads ќе бидат најсоодветен избор. Но, тоа не е сè.

Facebook е одлична алатка за ре-маркетинг: со избирање на корисници кои имаат посетено одредена веб-страница всушност може да креирате публика насочени кон посети добиени од вашата веб-страница (Lookalike Audience).

Препорачливо е да се искористат двете платформи заедно. Пред сè, ова овозможува добра покриеност, достигнувајќи и латентна и потенцијална побарувачка. Како второ, со користење на Google Ads и Facebook Ads истовремено за да се обезбеди добар ранкинг со одредени клучни зборови ќе се избегне ризикот од “предавање” потенцијални клиенти на вашите конкуренти.

Еден последен совет: кампањата на Facebook може да изгледа едноставно, но бара серија евалуации, анализи и континуирано следење и подобрување преку АB-тестирање. Бидејќи се во прашање платени кампањи, препорачливо е да се свртиме кон оние кои, во рамките на компанијата, поседуваат поголеми вештини и искуство во областа.

 

Доколку, пак, сакате лично да научите да поставувате успешни кампањи преку Facebook Ads Manager, SourceMX Academy организира курс за Facebook & Instagram Marketing. Пријавете сè ↪ овде ↩.