Како Adobe Illustrator го смени мојот живот


Компанијата Adobe го лансираше Adobe Illustrator уште во 1986 година. За многу луѓе, тоа не кажува апсолутно ништо, но за многумина професионалци, овој софтвер го смени начинот на кој тие работат.

Кој го користи Adobe Illustrator?

Illustrator се користи во главно од графички дизајнери, илустратори или уметници. Навистина е убаво што оваа програма може совршено да се интегрира со други програми од истата компанија, Adobe, како на пример со Indesign, Photoshop и After Effects.

Ова не е сè, бидејќи софтверот може да биде користен и за оние кои создаваат различни интерфејси за софтвер, апликации или веб-страници. Adobe Illustrator исто така се користи со CAD и 3D тип софтвер.

Но, Adоbe Illustrator е толко едноставна програма што секој може да научи да ја користи, не само професионалци.

За што служи Adobe Illustrator?

Постојат многу работи што може да се направат и креираат во Illustrator, како на пример визит карти, флаери, разни материјали за принт од различни формати, изглед за веб-страници или апликации, креирање логоа, графика, илустративни табли и многу повеќе.

Сите ние имаме поминато многу време обидувајќи се да разбереме како најдобро, најпрецизно и најбрзо да ја користиме оваа програма. Откако ќе стекнете некое познавање и некое ниво на вештини во Illustrator, никогаш повеќе нема да сакате да ја замените (guilty).

Сликата за овој пост е правена исто така во Adobe Illustrator.

Како функционира Adobe Illustrator?

Adobe Illustrator работи со вектори. Овие “знаци“ не се како пиксели кои ги креираме на пример во Photoshop и кои по изработување на еден графички дизајн, доколку се обидете да го зголемите, ќе забележите дека ќе се конвертира во коцки, поточно пиксели. Наместо тоа, со Adobe Illustrator, кога креирате било какво графички дизајн, ќе можете да го проширите или да го направите помал без квалитетот да се намали. Вашето дело секогаш ќе остане совршено и линеарно на она што сте го изработиле на почетокот.

Мора да се знае дека сликите креирани со Photoshop се создадени во грид од пиксели, додека на Adobe Illustrator не се спомнуваат пиксели, туку патерни кои имаат јасно прецизиран почеток и крај.

Ова ја прави програмата Adobe Illustrator погодна за извршување на многу графички задачи, како што се креирање слики, банери или логоа. Тие можат да бидат мали, но исто така и големи со само неколку кликови, без да мора повторно да ги создавате од нула.

Можности за експортирање на фајлови во Adobe Illustrator

Кога ќе го завршите дизајнот во Illustrator, истиот можете да го експортирате во повеќе различни формати: .jpg, .png, .gif, .pdf, итн. Исто така, може да користите транспарентност пред да ја зачувате сликата во .png, бидејќи тоа често се користи во софтвери како Photoshop.

Исто така, можете да ја внесете вашата векторска слика во растер со различните начини на експортирање што ги споменав погоре, но мора да знаете дека, по завршувањето на оваа акција, повеќе не можете да се вратите назад.

За крај, совет што можам да го споделам со вас е да создадете тест Illustrator-фајл или да правите повеќе копии за во случај ако вашиот оригинален документ се оштети ненадејно.  А доколку сте на почетокот и не сте добро запознаени со Adobe Illustrator, пријавете се на курсот што го организира SourceMX Academy. Притиснете на ↪ линкот ↩ за повеќе информации или пријавете сè веднаш.