Дигитални маркетери: Еве 3 совети како да ја започнете 2019 успешно


Пред да ја започнете следната година, од голема важност е да направите преглед на изминатата година, да извадете колку што е можно повеќе податоци од сите Ваши маркетинг кампањи, да ги анализирате истите и да си поставете краткорочни и долгорочни цели.

Секоја нова година носи нови промени. Кога велиме нови промени, мислиме мнооогу нови промени. Начинот на кој интернет корисниците комуницираат и пребаруваат се менува во секоја секунда, а тоа ја прави нашата работа, хмм… ајде да речеме динамична. За 2019 година се очекуваат големи промени во дигиталниот свет, а полека ги дознаваме најголемите очекувања од светски маркетинг експерти. Ова нема да биде еден од оние долги постови во кои јас ја имам улогата на тутор, туку краток пост од Ваш колега со 3 совети за како да ги поставите темелите на една успешна и продуктивна година.

Поставете си цели

Прв и најосновен чекор во планирањето на следната успешна година е поставување на цели. Да, ова е често споменувано, но тоа не значи дека не е важно. Напротив, поставувањето цели ќе Ви помогне да си го визуализирате правецот во кој Вашата кариера ќе се одвива, без разлика дали сте фриленсер или работите за компанија. Зацртете си јасни цели за секој квартал. Зацртете си и една голема цел за цела година, како на пример потпишување со некоја голема интернационална компанија (guilty). Но, внимавајте: бидете реални со целите. Вие најдобро се знаете себеси или Вашата компанија, како и Вашите можности.

Бидете спремни на МНОГУ промени

Нови технологии и нови трендови значи дека ќе Ви бидат потребни и нови стратегии. Не ограничувајте се во користењето на одредени стратегии и навики, туку бидете спремни се’ што знаете и користете да го промените и да се адаптирате на новата средина. Но, се разбира, Вие сте спремни на тоа, бидејќи нашата работа е динамична сама по себе. Еве три најголеми и најверојатни трендови за кои би било одлично да почнете да се припремате уште сега:

  • Социјалните медиуми ќе се пристапуваат најмногу од паметни телефони (90% vs 10% десктоп): Ова и не е некое големо изненадување. Употребата на паметни телефони е во константен раст, а веќе во наредната година (конечно) ќе го достигне врвот. Покрај тоа што процентот на посети од паметни телефони доминираат, процентот на конверзии е поголем од десктоп компјутери. Причината за тоа е што телефоните лоадираат побавно. Во 2019 година, тоа би можело да се смени, а тоа значи дека треба да започнете да ги насочувате Вашите маркетинг кампањи се’ повеќе за телефони.
  • Пребарување со гласовни команди: Не сум баш сигурен за колку гласовните команди се употребуваат во Македонија, но за некои од Вас кои сорабутваат со луѓе надвор од државата, треба да знаете дека гласовните команди можеби ќе бидат големото чудо во ИТ светот. До 2020 година, се предвидува дека 50% од вкупните пребарувања на интернет ќе бидат од гласовни команди. Што значи тоа за Вас? Размислувајте како да ги оптимизирате Вашите кампањи за гласовни команди користејќи долги keywords и почнете со приспособување на Вашата содржина во разговорен стил.
  • Видеа (пак): Ова е очекуваниот БУМ пред почетокот на секоја година, но 2019 е дефинитивно годината во која видеата ќе ги доминираат сите други видови на содржина. До 2022 година, се очекува видеата да зафаќаат дури 82% од сите пребарувања на интернет. Мој совет во врска со овој тренд е, доколку користите видеа, правете транскрипција за секое видео за да овозможите Google да ги индексира Вашите содржини и да Ве рангира високо.

Најдете начин како да направете вештачката интелигенција да работи за Вас

Како што веќе сигурно знаете, алгоритмите кои користат вештачка интелигенција во голема мера се’ повеќе и повеќе ги носат одлуките во врска со публиката која Вие ја таргетирате. Во 2019 година, успешна маркетинг кампања ќе можете да спроведете само доколку научiте како да направите вештачката интелигенција да работи во Ваша полза. Звучи едноставно, но многу лесно може да се случи да ја изгубите контролата врз Вашите кампањи и да не ги разбирате резултатите кои Вaшите кампањи ги генерираат. Тоа значи дека интересот за органски посети повторно ќе се зголеми. Не велам да ги паузирате сите платени кампањи и да се насочите исклучиво на органски посети, туку да го најдете идеалниот баланс помеѓу бесплатни и платени кампањи.

Кога веќе зборуваме за вештачка интелигенција, неопходно е да напоменеме дека чет ботовите, или месенџер ботовите, ќе се многу позастапени. За разлика од претходните години, а и од оваа, чет ботовите во 2019 година влегуваат со повеќе можности од било кога и ќе се користат во огромен број на индустрии. За еден дигитален маркетер, тоа значи дека треба да биде спремен да имплементира чет бот на барање на клиент од било која индустрија. Доколку сте заинтересирани за вовед во чет ботови и нивната употреба, следете не’ на социјалните медиуми – SourceMX Academy наскоро ќе одржи три-часовно предавање на темата наменето за сите.


Сакате да читате повеќе совети и трикови за маркетинг, дизајн и програмирање? Кликнете на Send in Messenger, а ние ќе се погрижиме да добивате корисни информации.