Топ 5 предности на користење социјални медиуми за бизнис


Како дел од дигитална маркетинг агенција, логично е дека ќе бидам пристрасен во врска со социјални медиуми и маркетинг. Но, тоа не го поништува фактот дека социјалните медиуми стануваат задолжителен дел од воспоставувањето на еден бренд. На оние кои се нови на маркетинг сцената, социјалните медиуми и нивната важност е предмет на сомнежи, а предностите на користење социјални медиуми на правилен начин можат да бидат од големо значење за бизнис од било која индустрија.

Со големиот избор на мрежи, маркетинг стратегии и начини, оправдувањето на инвестициите во менаџирање на социјални медиуми на клиент може да биде невозможна мисија. Помладите претприемачи, се разбира, се поотворени за претплаќање на маркетинг агенција која ќе ги менаџира нивните профили на социјалните медиуми, бидејќи тие полесно ја препознаваат важноста на тоа да се биде активен на социјалните медиуми во денешниот дигитален свет.

Привлекувањето на вниманието на еден потрошувач знае да биде вистински предизвик, а тоа се должи на нивниот краток распон на внимание, како и на ригорозните алгоритми. На светлата страна, постојаното присуство на социјалните медиуми има многу предности за еден бизнис. Во продолжение ги наведуваме пет од многуте предности кои може да ги добиете со активност на социјалните медиуми.

Бесплатно е

Користењето на социјални медиуми е бесплатно. Facebook, Instagram, LinkedIn, Google+, Pinterest или било кој социјален медиум и да го користите е апсолутно бесплатно и секогаш ќе биде (како што Facebook сака често да ветува). Иако рекламирање на социјалните медиуми може да ви помогне да ги постигнете ваши цели побргу, многу претприемачи не можат да го препознаат потенцијалот и имаат лажно верување дека тоа им носи помало враќање на инвестициите.

Како и да е, постојано присуство на социјалните медиуми може да донесе голем успех органски доколку е пристапена професионално и со детална стратегија. Објавување на било што може да резултира во огромен неуспех. Објавување на уникатни содржини во формат на слики и видеа, одржување Facebook Live настани или креирање анкети ќе ги забавуваат вашите следбеници, а во исто време ќе направат и тие да се чувствуваат поблиски до вас.

Доколку ги менаџирате вашите профили на социјалните медиуми добро, многу брзо ќе ги забележите придобивките. Во дигиталниот свет, многу малку нешта се бесплатни, така што вреди барем да се обидете да го искористите максимумот од ова.

Помага при воспоставувањето на карактерот на брендот

Социјалните медиуми претставуваат совршена можност на оние “помалку возбудливите“ бизниси кои и немаат многу интересни новости за објавување. Тоа не значи дека не може да се присутни на социјалните медиуми преку интересни содржини поврзани со бизнисот. Најважно од се’ е активното присуство во комбинација со уникатна и квалитетна содржина која го привлекува и наградува вниманието на посетителот, како и привлекува нови корисници.

Доколку не уживате во креирањето на објави за социјалните медиуми, како може да очекувате вашите потрошувачи да уживаат во нивната конзумација? Можеби немате доволно среќа да работите за интернет продавница со илјадници производи кои може да се објавуваат на милион начини, но со доволно искреност, креативност и умешност, може да изградите карактер на вашиот бренд кој ќе биде лесно препознатлив.

Може да биде солиден извор на посети

Доколку имате веб страна, бројот на посетители ви е и тоа како важен. Можеби на почетокот од менаџирањето на вашите профили на социјалните медиуми нема да забележите големо подобрување, но како што го градите карактерот на брендот, полека ќе забележите како вашите следбеници ве сметаат за веродостоен и преземаат активности – отварање на вашите содржини. Како што бројот на верни потрошувачи ви се зголемува, ќе се зголемува и бројот на посетители од социјалните медиуми на вашата веб страна. Ова е статистика за која ве советуваме да ја следете активно.

Може да ранкувате подобро на пребарувачите

Присуството на социјалните медиуми, како и споделувањето на содржина, станаа екстремно важни за вашиот ранкинг на пребарувачите, како што се Google и Yahoo. Со објавување на содржина која станува “вирална“ и многу споделувана си ги зголемувате не само шансите за повеќе посетители на вашата веб страна, туку и за ранкување повисоко на пребарувачите. Овие сигнали од социјалните мрежи се’ повеќе се земаат во обзир. Споделувањето на вашата содржина од трети лица (поврзани со вашиот бизнис) е можеби и најсилната алатка за повисок ранкинг.

Може да учествувате во двонасочни конверзации

Без разлика дали вашиот бизнис е застапен на социјалните медиуми или не, луѓето најверојатно веќе зборуваат за вас. Тие зборуваат за вашите услуги или производи и ги споделуваат своите искуства со вас и вашиот бизнис. Прашањето е дали сакате да бидете дел од овие дискусии? Одговорот треба да биде позитивен, бидејќи може да донесе големи придобивки. Активно учество во конверзации на социјалните медиуми ви овозможуваат да ја имате контрола на тоа како вашите потрошувачи го перципираат вашиот бренд (се разбира, до одреден степен). Најголемата предност од користење социјални медиуми за еден бизнис е способноста да ве зближи со потенцијални потрошувачи и да ви овозможи директна интеракција на Facebook, Instagram, Twitter, итн.

Едноставно, бренд кој ги става своите потрошувачи на прво место на социјалните медиуми и активно учествува во разговори и дискусии е многу поверодостоен од оној кој не го прави тоа. Доколку тоа е нешто што вие би го правеле за вашиот бизнис, обидете се да избегнете промовирање во секоја можна прилика и комуницирајте со позабавен и помек тон.


SourceMX организира специјализиран курс за Facebook & Instagram Marketing, повеќе може да прочитате ➡ овде.

Или пополнете ја апликацијата за тимот на SourceMX да ве контактира за повеќе информации.