Тимот на SourceMX на WordCamp Thessaloniki 2018


Изминатиот викенд, тимот на SourceMX – Digital Marketing Agency одлучи да го “жртвува“ слободното време за да присуствува на првиот WordCamp во Солун, град кој е далеку само час и половина возење од Струмица. За нас, ова беше одлична шанса да се запознаеме со новостите во врска со WordPress, како и да чуеме нешто повеќе за Inbound Marketing од Марина Василиовска.

Што е WordCamp?

WordCamp е конференција која е фокусирана на се’ во врска со WordPress. Овие настани се организирани од заедници составени од корисници на најпозната платформа за градење веб страни. Секој заинтересиран може да присуствува на овие настани, без разлика дали користи WordPress или не, професионално или од хоби. На овие настани може да се научи многу за работење со WordPress, стартапи, водење мали бизниси, одржување блогови, е-комерц, итн.

WordCamp Thessaloniki 2018

Конференцијата се одржа во концертната сала во Солун, поточно во М2 зградата на 5-ти спрат. Организацијата беше одлична, а спонзорите ми изгледа како да беа големи обожаватели на Божиќ, несебично дарувајќи ги гостите со најразлични промотивни материјали. Во исто време се одвиваа два говори: едниот на грчки, а другиот на англиски.

Првиот говор на кој нашиот тим присуствуваше беше насловен “WordPress and problem of diversity with a case study of Artbees“ од Maziar Firuzmand. Целта на соговорникот беше да ја нагласе важноста на WordPress како платформа која обединува луѓе од разни националности, религии, етничка припадност, јазик, пол, и сл. Беше добро да се слушне дека платформата со која работиме ние обединува луѓе од секаде од светот и дека покрај сите предизвици од вид на разновидност, компании како нивната, Artbees, успеваат.

Веднаш после ова предавање, отидовме во другата сала каде што дизајнерката Рафаела Исидори оддржа солидно предавање во кое направи интересен осврт на седумте принципи на дизајнот и како тие влијаат во нашиот живот. Едноставно, концизно, но моќно, говорот на Рафаела ни беше инспирација за дискусија на пат кон дома.

Третиот говор беше насловен “Using acceptance tests in your plugin“ и беше еден од најспецифичните, ако не и најспецифичниот говор на овој WordCamp. Говорникот Давид Ремер е повеќе годишен PHP и WordPress програмер и огромен ентузијаст за изработување на плагини за WordPress, како што ние заклучивме од неговото страствено предавање во кое 45 минути не му беа доволно.

Последното предавање на кое присуствувавме беше на тема  “The Art of Inbound marketing 2019: Revolutionize your digital presence“ од говорникот Марина Василиовска. Темата беше најблиску до она што ние го работиме и тоа е една од причините зошто ова беше најдоброто предавање за нашиот тим на оваа конференција. Другата причина, се разбира, беше харизмата и знаењето кое го поседуваше Марина, како и добро спакуваното предавање.

Наши импресии

Глигор Ризов, digital marketer & WordPress enthusiast: “Интересен и корисен настан за нашиот тим, на кој имавме можност да научиме повеќе за новостите и новите трендови во областа на WordPress. ”

Танкица Гонева, front-end & WordPress developer: “Ова беше навистина одличен настан како за нашиот тим така и за мене лично, одлична можност да се научи што е најново во областа на WordPress. Запознавме многу интересни личности од кои научивме многу интересни нешта.”

Горан Николов, digital marketer & WordPress blogger: “Ова беше мое прво присуство на WordCamp и помина супер! Темите на кои се зборуваше беа интересни и корисни, како и доволно инспиративни за еден WordPress блогер да започне да учи повеќе за платформата.”

 


Сакате да читате повеќе совети и трикови за маркетинг, дизајн и програмирање? Кликнете на Send in Messenger, а ние ќе се погрижиме да добивате корисни информации.