Најдобрите времиња за објавување на Instagram во 2019 [PDF документ]


Секој еден од нас кој користи Instagram за лични потреби понекогаш има истактизирано кога ќе објави специфичен пост со цел да биде забележан од што е можно повеќе пријатели. Понекогаш и самите правиме експерименти, дали наутро или навечер добиваме повеќе лајкови и коментари, кои хештагови функционираат најмногу или пак кои од нашите пријатели се ВИСТИНСКИ пријатели (бидејќи тие што не лајкуваат не се).

Но, настрана од нашите лични профили на Instagram, оваа популарна социјална мрежа станува се’ поатрактивна за бизниси и бројот на бизниси кои се присутни и активни на Instagram постојано се зголемува. Единствениот сигурен начин на кој може да го зголемите присуството на еден бизнис е да знаете во кои времиња да објавувате постови или story-ња.

Нови истражува за Instagram 2019

Квалитетна и релевантна содржина е број еден приоритет за еден бизнис на Instagram. Но, доколку содржината не се сподели во соодветно време, никој нема да ја забележи.

Доколку немате време да направите свое истражување и да утврдите кои се идеалните времиња за вашите корисници, тогаш во продолжение ви ги даваме резултатите од нашите истражувања и тестирања од оваа година. Како маркетинг агенција која се обидува да ги следи најновите трендови, никогаш не се препуштаме на непроверени извори, туку преферираме да ги правиме нашите истражувања сами.

Кои се најдобрите времиња за објавување на Instagram?

Како главно правило за секој ден, најдобро време за објавување на Instagram e помеѓу 14:00 и 15:00. Но, нивото на “engagement” може драстично да варира во зависност од тоа кој ден од неделата е објавата. Најдобриот ден за објавување на Instagram e вторник, не само во 15:00, туку и во 05:00, 11:00 и 16:00.

Зошто е тоа така? Земете ги во обзир малите разлики во дневните промени на расположението и на рутините и како тие влијаат на вашето однесување. Истите се пресликуваат на вашето однесување на Instagram. Еве појаснување:

  • Објавување во 5 наутро од вторник до петок обично резултира во висок процент на “engagement”, бидејќи голем број од луѓето ги проверуваат своите телефони веднаш кога стануваат од сон.
  • Објавување од 11:00 до 15:00 преку работната недела исто така резултира во висок процент на “engagement”, бидејќи голем број од луѓето ги проверуваат своите телефони за време на ручек или кога менталната енергија им се намалува.

Најдобро време за објавување на Instagram за секој ден од неделата

Да ги погледнете најдобрите времиња за објавување на Instagram за секој ден од неделата, претиснете го копчето подолу за да го преземете документот.

[ВАЖНО: Потребно ќе биде да претиснете “Get Started” во Messenger за да го добиете документот.]

Доколку сакате уште информации, во продолжение ви ги прикажуваме најдобрите времиња за објавување на Instagram за B2C компании, за непрофитни организации и за образовни организации.

Најдобри времиња за објавување на Instagram за B2C компании

  • Најдобро време: Среда во 10:00
  • Највисок процент на “engagement”: Среда до петок од 10:00 до 17:00
  • Најдобар ден: Среда
  • Најлош ден: Понеделник

Најдобри времиња за објавување на Instagram за непрофитни организации

  • Најдобро време: Вторник од 15:00 до 21:00, Среда од 15:00 до 16:00, Четврток од 14:00 до 15:00, Петок од 10:00 до 14:00
  • Највисок процент на “engagement”: Работните денови од 12:00 до 17:00
  • Најдобар ден: Вторник
  • Најлош ден: Сабота

Најдобри времиња за објавување на Instagram за образовни организации

  • Најдобро време: Понеделник во 20:00
  • Највисок процент на “engagement”: Работните денови од 10:00 до 16:00
  • Најдобар ден: Понеделник
  • Најлош ден: Недела

За крај, имајте на ум дека сите овие информации варираат и зависат од видот на корисници во голема мера. Секој бренд или компанија има своја уникатна група на корисници. Еден од најдобрите начини за да изградите публика која вистински го цени вашиот бренд или компанија е редовно да им давате корисни и релевантни информации кои ќе им бидат од корист.


Доколку сакате да научите повеќе за Facebook & Instagram Marketing, SourceMX Academy организира курс кој започнува на 4-ти март, а остануваат уште само 3 места! Побрзај и запиши се веднаш на следниот линк: Курс за Facebook & Instagram Marketing