Од идеја до целосна трансформација на бизнисот: Моќта на Facebook реклами


Сузе, 25, е млад сопственик на пекара во Струмица. Пекарата на Сузе “Мали задоволства“ е позната по домашни рецепти, топла атмосфера и пријатен амбиент.


Потсетник: Карактерите во оваа приказна се измислени.


Пекарата на Сузе се наоѓа на 5 минути од центарот на градот и се наоѓа на булеварот каде секојдневно поминуваат стотици луѓе, илјадници во позафатените часови. Покрај оваа пекара секојдневно поминуваат студенти и работници кои, секако, појадуваат.

Покрај тоа што Сузе си ги сака постојаните муштерии и е задоволна од моменталните заработки, таа би сакала да привлече повеќе луѓе кои одат на работа наутро и повеќе студенти во подоцните часови. Со оглед на тоа што има одлична локација, би било штета да не го искористи максимумот.

За среќа, Сузе има пријателка, Милица, која е опседната со социјални медиуми и отсекогаш ѝ велеше на Сузе дека, доколку сака поголем број на помлади клиенти, единствениот начин е преку создавање на “хајп“ на социјалните медиуми. Па, така, Сузе започнува да учи за маркетинг на социјалните медиуми.

По две недели активно следење на курсеви на Udemy и Lynda, гледање милиони YouTube видеа за маркетинг и разменување на мислења со дигитални маркетери на групи на Facebook и LinkedIn, Сузе доаѓа до неколку стратегии кои ѝ изгледаат ветувачки.

Сузе доаѓа до реализација колку моќ всушност Facebook има, колку полесно може да таргетира нови клиенти и какви сè статистики и анализи може да генерира. Сузе научи дека Facebook овозможува вашите реклами за вашите услуги и производи да бидат прикажани само на луѓе кои се вистински заинтересирани за вашите реклами (доколку таргетирате правилно). Сузе се изненади од тоа што Facebook ѝ овозможува да филтрира корисници по години, пол, интереси, корисници кои ја следат нејзината фан страна, локација на живеење/раѓање, професија, итн.

Најдоброто од cè е тоа што Сузе ќе плати само кога некој ќе кликне на нејзината реклама. Со буџет од 9 долари на ден, распореден разумно, реклатама за “Мали задоволства“ е присутна на екраните на илјадници потенцијални муштерии.

Сузе е спремна да експериментира со реклами, па затоа креира три различни кампањи.

Реклама 1: Таргетира вработени луѓе во близина на пекарата

По кратко истражување, Сузе откри како да таргетира корисници во одредена локација (со користење на drop pin), па таргетира вработени во близина на нејзината пекара во радиус од 5 километри. Оваа реклама е исклучиво за вработени лица кои се наоѓаат во близина на нејзината пекара, овозможувајќи најоптимално трошење на буџетот и најспецифичен пристап. Нејзината реклама гласеше:

“Сакате топол и брз појадок пред да го започнете работниот ден? Поминете во ‘Мали задоволства’ и задоволете го Вашиот апетит со вкусно бело пециво.“

Реклама 2: Сузе тестира реклама на поопшта публика

За оваа реклама, Сузе одлучи да ги таргетира сите оние кои живеат или се моментално во Струмица и околината. Ја филтрира публиката со избирање на луѓе кои имаат интерес во бели пецива, кроасани, крофни и храна. Оваа реклама имаше друг, поопшт текст со линкови до нејзината точна локација и Facebook страна.

Реклама 3: Сузе таргетира ученици и студенти

За последната реклама, Сузе таргетира ученици и студенти кои одат на училиште или факултет во Струмица. Ова е периодот пред завршување на школската година, па затоа Сузе одлучи да креира реклама која гласи:

“Белите пецива на Сузе: За завршување на училишната година со стил (и полн стомак)!“

Откако го заврши таргетирањето, Сузе започна да ги креира рекламите сама. Таа не е фотограф, ниту пак графички дизајнер, но пронајде два одлични извори за бесплатни фотографии, Unsplash и Pexels, и една одлична онлајн алатка за брзи едитирања на слики, Canva.

Вкупниот буџет за сите три реклами: $81

Сузе си задава буџет од 27 долари на ден за 3 реклами, по девет долари на секоја реклама, со времетраење од три дена (9 долари х 3 реклами х 3 денови = 81 долар). Ова е вкупно помалку отколку што Сузе обично троши на рекламни материјали (како на пример флаери), кои обично завршуваат во рацете на погрешни луѓе. Откако рекламите беа пуштени, Сузе започна да собира податоци и да следи која реклама перформира најдобро.

Резултатите се повеќе од задоволувачки! Следниот ден Сузе се разбуди со 1-2 пораки во инбокс за повеќе информации или за линк од локација и 5-6 нови лајкови на нејзината страна. Се разбира, чуда не се случуваат преку ноќ, но долгиот процес на пронаоѓање нови клиенти беше ставен во акција и веќе даваше сигнали за успех.

По овие три дена, Сузе одлучи постојано да има активна реклама на Facebook. По неколку месеци активни реклами, утрата во пекарата на Сузе беа пополни со повеќе лица кои секојдневно поминуваат покрај пекарата, а во ноќите се слушеше повеќе смеа од ученици и студенти со полни усти. Се појави и реална потреба за уште еден вработен. И сè ова се случи поради совет од пријател, мало истражување, креативно размислување и 81 долари потрошени на експеримент.

Која е поентата на оваа приказна?

Поентата на оваа приказна е да ја дознаете вистинската моќ на социјалните медиуми и како тие можат комплетно да трансформираат еден бизнис, без разлика од големината и локацијата на истиот. Важно е сите претприемачи да знаат дека социјалните медиуми можат да се користат како маркетинг медиум и колку тие всушност можат да им помогнат на нивните бизниси.