Корисни алатки за комбинирање бои во Illustrator


Бирањето на боја во вашите дизајни е можеби една од клучните работи во процесот на дизајнирање. Кога станува збор за одбирање на боја мора да водиме сметка за неколку аспекти:

  • Бојата е првата форма на комуникација и затоа таа мора да биде непосредна и силна;
  • Важно е да биде привлечна и да го задржи што подолго вниманието на корисникот;
  • Таа пренесува емоција, а тоа ја прави да биде моќна маркетинг алатка.

Како до подобри дизајни? Започнете од бојата

Во процесот на дизајнирање најпрво треба да знаете дали вашиот дизајн е наменет за дигитален приказ или за печатење. Бидејќи има разлика во тоа како ќе бидат прикажани боите.

Кога креирате дела за печатење, се препорачва да се се користиte CMYK(Cyan (синозелена), Magenta (магентавиолетова, црвена), Yellow (жолто), Key или blacK (за црно)) колор модел. Додека пак за дигитален приказ се користи RGB (Red (црвена) Green (зелена) Blue (сина)).

Во Illustrator тоа се прави со Color алатката позиционирана во менито десно на работниот простор.

RGB/CMYK

Откако ќе одбереме кој модел за боја ќе го користиме и откако ќе го исцртаме нашиот дизајн преминуваме на следиот чекор, а тоа е да одбереме бои кои одговарат. Во Illustrator има водич за  боја кој може лесно да се пристапи на повеќе начини, а еден од нив е Edit> Edit Colors> Recolor Artwork. Се отвара дијалог прозорец и овде има два начини на одбирање на боја со Assign и Edit.

Recolor Artwork

Како да комбинирате бои кои си одговарат 

Edit табот го користиме за да креираме нова група на бои или да ги едитираме веќе постоечките групи. Со избирање на алатката за хамонични бои може да видиме кои бои си одговарат. Кога оваа алатка е исклучена вие имате целосна слобода во одбирањето на боите. Покртај тоа може да ја прилагодувате и светлината, да отстранете бои, да ги зачувувате групите на бои и да прегледувате бои на веќе изработени дела.

Assign табот го користиме за да ги видиме и контролираме боите од групата на бои кои ги заменуваат оригиналните бои во Вашето дело. Може да доделувате нова боја ако веќе имате изберено елемент на кој сакате да му ја смените бојата. Може да извршите замена на тековни бои со нови.

Во Edit > Edit Colors има и други интересни алатки како на пример Аdjust Color каде повторно врз основа на моделот на боја кој го имаме одберено вршиме прилагодување на бојата

Овде исто така може да извршите конвертирање од еден модел на боја во друг.

Convert to RGB

Со Invert Color може да ја добиете спротивната нијанса од онаа што вашиот елемент ја поседува.

Invert Color

Со Saturate може да го менувате интензитетот на бојата на вашиот елемнент.

Saturate

Покрај во самата програма Adobe има креирано и онлајн алатка за одбирање на бои. Adobe Color CC која врши слична функција како и во програмата. Ова алатка овозможува и додавање на слика. Откако корисникот ќе прикаче слика алатката автоматски ги генерира боите кои ги содржи сликата. 

слика со автоматски генерирани бои

Една од најкорисните алатки во Illustrator за боја и текст е Eyedropper. Со оваа алатка се овозможува копирање на стилот што еден елемент го има и овозможува додавање на истиот стил на друг елемент. Ова вклучува стил на текст и боја. Доколку сакате да прочитате за ова алатка повеќе овде.

Eyedropper

Ова се само некој од најкористените алатки во Illustrator кога станува збор за одбирање на боја.  Adobe illustrator е одлична алатка за дизајнирање, ние во SourceMX обожаваме да ја користиме.


Сакате да читате повеќе совети и трикови за маркетинг, дизајн и програмирање? Кликнете на Send in Messenger, а ние ќе се погрижиме да добивате корисни информации.