Корисни алатки при дизајнирање во Illustrator


Adobe Illustrator е најпопуларната програма за развој на векторска графика каде има одлични алатки кои ви овозможуваат да креирате дизајни кои лесно ќе ги воодушеват вашите клиенти. Овде ќе ги набројам моите омилени 5 кои ги употребувам секојдневно при креирање на моите дизајни.

1. Artboards

Artboards е многу корисна алатка при дизајнирање со Illustrator. Таа ви дозволува да креирате повеќе artboards во ист документ и да имате подобар преглед на се’ што дизајнирате. Можете да додадете или избришете и да организирате колку artboards сакате и во која големина – сето тоа во еден документ.

2. Layers

При креирање на комплексни дизајни, еден од најголемите предизвици е можноста да се пристапат помалку видливите елементи. Помалите елементи вообичаено се наоѓаат позади поголемите елементи и означувањето на истите може да биде невозможна мисија. Layers алатката ти овозможува полесно управување со сите елементи во прозорецот. Структурата на слоевите може да биде помалку или повеќе комплексна во зависност од вашите потреби. Стандардно сите елементи се организирани во посебен layer. Сепак, вие можете да креирате нови layers и да додадете повеќе елементи во истиот или да префрлате од еден во друг layer во било кој момент. Layer панелот ви овозможува лесно означување, криење, заклучување или менување на изгледот на елементите на вашиот дизајн.

3. Eyedropper

Eyedropper алатката е многу повеќе корисна од нашиот прв впечаток. Може да се користи за копирање на изгледот и форматот на елементот вклучувајќи го и стилот на текстот и истиот да се примени на некој друг елемент. Стандардно Eyedropper алатката влијае на сите атрибути на означениот елемент. Доколку сакаме да копираме само одредени атрибути тоа можеме да го поставиме во Eyedropper Options прозорецот. За да да го копирате форматот од еден на друг елемент следете ги следните чекори:

  • Означете го објектот, видот на објектот или текстот кој што сакате да го менувате.
  • Oзначете ја Eyedropper алатката.
  • Означете го елементот врз кој што сакате да ги примените копираните атрибути.

4. Clipping Mask

Clipping mask е алатка со која што можете да креирате одредена форма и да ги прикриеме сите останати елементи кои што се наоѓаат надвор од таа форма. Формата и елементите кои што се наоѓаат во неа се нарекуваат clipping set. Можете да креирате clipping set од два или повеќе елементи или од сите елементи кои што се наоѓаат во одредена група на layers. Сите промени и трансформации на елементите кои што се наоѓаат во одредена маска влијаат само во границите на маската, не и надвор од истата.

5. Shape Builder

Користејќи ја Adobe Illustrator CC Shape Builder алатката можете да комбинирате, менувате или да ги обојувате вашите фигури. Следете ги следните чекори за да креирате уникатна фигура:

  • Креирајте повеќе фигури кои што се преклопуваат.
  • Означете ги фигурите кои што сакате да ги комбинирате.
  • Изберета ја Shape Builder алатката, кликнете и влечете над означените фигури како што е прикажано на левата слика. Означените фигури се комбинирани во една фигура како што е прикажано на десната слика. Shape Builder алатката исто така овозможува спојување на елементи, одделување на површини и многу други можнисти. Креирајте друга фигура која што се преклопува со вашата комбинирана фигура. Користејќи ја Selection алатката означете ги двете фигури. Изберета ја Shape Builder алатката одново. Држејќи го притиснато копчето Alt за Windows или Option за Mac (научете повеќе кратенки овде), кликнете и влечете над ново додадената фигура како што е прикажано на сликата. Површината од ново додадената фигура е одземена од комбинирата фигура каде што се преклопуваат.


Сакате да читате повеќе совети и трикови за маркетинг, дизајн и програмирање? Кликнете на Send in Messenger, а ние ќе се погрижиме да добивате корисни информации.