Како имплементирање на чет-бот може да ја зголеми Вашата заработка?


Месенџер маркетинг не е нов тренд. Во последните 2 години, неговата популарност се израмни со онаа на имејл маркетингот и полека станува задолжителен дел од сечија маркетинг стратегија. Доколку се мислите во која се’ индустрија може да се имплементира автоматизираното враќање на пораки од клиенти, одговорот е едноставен: во секоја. Еве како во суштина функционира еден обичен чет бот.

 

 

SMS пораките, мејловите и телефонските повици се сеуште неизмерно корисни алатки за маркетинг, но ни една од овие алатки не е способна на се’ она што чет ботовите се. Доколку извршите едно истражување во колкава мера се користи месенџер маркетингот на светскиот пазар, а посебно на Американскиот, ќе забележите дека се’ повеќе сопственици на мали и големи бизниси ги споделуваат своите искуства со чет ботови и како оваа едноставна алатка им ги зголемила заработките. Пред да отворите Google и почнете со пребарување, останете овде – ние ќе Ви ги претставиме придобивките на имплементирање на чет бот во Вашиот бизнис. Но, прво:

Што е чет бот?

Месенџер бот, или чет бот, е вид на софтвер кој користи вештачка интелигенција за да комуницира со Вашите клиенти. Со други зборови, овие ботови разбираат што Вашите клиенти сакаат да знаат во врска со Вашиот бизнис и по таа основа да одговорат на човечки начин. Како што може да претпоставите, овие автоматизирани ботови имаат потенцијал да го променат начинот на кој дигиталниот маркетинг функционира. Автоматизацијата е дефинитивно правецот во кој се движиме.

Со 1.2 милијарди месечни корисници на Facebook Messenger, непотребно е да се каже дека можностите се бесконечни. Најдобрата предност на чет ботот е тоа што Вашите сегашни и потенцијални клиенти никогаш повеќе нема да чекаат одговор од Вас (доколку е правилно имплементиран ботот). Во брзиот свет во кој денес живееме, сите ние сакаме многу информации и ги сакаме достапни веднаш кога ќе ги посакаме. Сега Вие тоа ќе може да им го овозможите на Вашите клиенти.

Моќта на оваа маркетинг алатка:
6 придобивки од користење чет бот

Постојат милион начини како имплементирањето на чет бот може да Ви помогне во зголемување на Вашата заработка, но најдоброто од се’ е тоа што не постојат никакви ограничувања. Направете чет бот кој ќе одговара на најчесто поставуваните прашања од Вашите клиенти или понудете го Вашето цело мени од ресторанот во месенџер. Помогнете на Вашите гости да извршат резервација без никаква комуникација со менаџер. Овозможете им закажување посета на Вашите потенцијални купувачи на Вашата куќа или стан со само неколку чекори. Едноставно кажано, се’ што ќе помислите дека можеби ќе им помогне на Вашите потенцијални клиенти ќе може да го направите со помош на чет ботот. Еве шест придобивки од имплементирање чет бот како дел од Вашата маркетинг стратегија.

  1. Достапност: За разлика од нас, луѓето, на чет ботовите не им се потребни паузи, ниту пак имаат омилено работно време. Откако ќе го имплементирате чет ботот, тој Ви стои на располагање 24/7, 365 дена во годината. Со тоа, и Вие стоите на располагање на Вашите постоечки и потенцијални клиенти. Ова секако ќе придонесе во зголемено задоволството на Вашите клиенти и со тоа ќе Ви помогне да рангирате повисоко во Вашиот сектор.
  2. Интеракција со повеќе клиенти одеднаш: Ние луѓето сме ограничени на одреден број на функции што можеме да ги извршуваме во исто време, а исто така веројатноста да направиме грешки е секогаш присутна. Чет ботовите, пак, можат да комуницираат со илјадници луѓе одеднаш со веројатноста на правење грешки сведена на минимум. Без разлика дали е утро и Вашето кафе е сеуште неиспиено или е доцна и Вие сте веќе изморени, чет ботот ќе се справи со Вашите клиенти и никогаш нема да се пожали од правење иста работа долг временски период.
  3. Заштеда на средства: Доколку сте сопственик на мал или голем бизнис независно, сигурно плаќате вработени за работата која ја вршат – трошоци кои растат соодветно со Вашиот бизнис. Чет ботовите се инвестиција која ја плаќате еднаш и никогаш повеќе (доколку не сакате промени или надградби). На пример, може да имплементирате чет бот кој ќе ја замени работата на оператор за поддршка на клиентите до 95% со одговарање на најчесто поставувани прашања.
  4. Автоматизација на репетитивна работа: Како што спомнавме погоре, никој од нас не сака да прави едно исто нешто повторно и повторно. Кога сме приморани да ги извршуваме овие задачи, склони сме на правење мали (како и големи) грешки што е сосема нормално. Но, чет ботот може да направи грешка само доколку Вие или Вашата маркетинг агенција ја направи во неговото градење, што е помалку веројатно. Повеќето маркетинг агенции доаѓаат со многу искуство и умешност во градење на чет ботови, така што слободно може да речеме дека, доколку ја изберете вистинската маркетинг агенција за имплементирање на Вашиот бот, нема простор за грижа.
  5. Флексибилен пристап: Доколку донесовте заклучок дека чет ботот може да го имплементирате за да врши само една функција за Вашиот бизнис, да расчистиме веднаш: ботот е неверојатно флексибилен и може да врши толку функции колку што ќе посакате во која било индустрија и да сте. Се’ што треба за да се искористи ботот максимално е да се направат повеќе разговори однапред и да се истренира ботот на правилно вклучување во разговор со клиент. Тоа вклучува многу планирање и внимателно градење на ботот кој ќе игра клучна улога во комуникацијата со Вашите клиенти и затоа е најдобро тоа да се препушти на дигитална маркетинг агенција.
  6. Заштеда на време: Се разбира, една од најголемите придобивки од користење чет бот е заштеда на време. Способноста да комуницира со повеќе клиент одеднаш, како и да врши репетитивна работа 24/7, 365 дена од годината, резултира во огромна заштеда на време. Никој од Вашите клиенти никогаш нема да биде ставен на чекање, додека Вие и Вашите вработени си ги извршувате Вашите обврски без чести прекинувања од Вашите мобилни телефони.

 

Чет ботовите може да бидат од корист во најразлични бизниси во најразлични идустрии, многу повеќе од колку што можеме да наброеме. Причините зошто Вие би имплементирале чет бот во Вашиот бизнис се многу, но одлуката дали ќе ги следите трендовите кои дури и најголемите бизниси во светот ги следат е Ваша. Доколку би сакале да дознаете повеќе за чет ботови или би сакале веднаш да имплементирате чет бот, оставете го Вашиот имеил во полето подолу, кликнете “Потврди“ и ние ќе Ве контактираме во најбрзо време.


Сакате да читате повеќе совети и трикови за маркетинг, дизајн и програмирање? Кликнете на Send in Messenger, а ние ќе се погрижиме да добивате корисни информации.