Како до (вистински!) следбеници на социјалните медиуми во 2019


Како што со крајот на овој месец ќе го забележиме крајот на првата половина од 2019, ние опседнатите со броеви, аналитики и статистики почнуваме да правиме најразлични пресметки на нашите триумфи и порази со кампањите на социјалните медиуми. Некои цели остварени, некои не, но една од најважните статистики која сите ние сакаме да ја погледнеме е дали успеавме да дојдеме до вистински следбеници кои се навистина заинтересирани во нашите услуги или производи или во услугите или производите на нашите клиенти.

Сигурно веќе знаете дека за разлика од порано, доаѓање до следбеници во 2019 е многу потешко од било кога. За среќа, маркетинг агенции, инфлуенсери и популарни брендови константно пронаоѓаат начини да ги зголемат своите броеви на следбеници, па така, за овој артикл, направивме истражување за најновите трендови за добивање следбеници на социјалните медиуми. Во продолжение ќе зборуваме за техники на привлекување вистински следбеници, а не лажни следбеници или ботови. Без разлика дали барате начин за зголемување на следбениците на Instagram, Facebook, Twitter, Pinterest или друга мрежа, овие методи важат за сите социјални мрежи.

Но, најпрво, дали бројот на следбеници е всушност важен?

Честопати си помислуваме дека бројот на следбеници е застарена мерка. Нема директен ефект на коментарите и лајковите што ги добивате, ниту пак на CTR-от. Како и многу други застарени метрики, може да го следете текот на добивање следбеници, но може да биде тешко да забележите како – дури и дали тие всушност се важни.

Но, во последно време, бројот на следбеници раскажува приказна за Вашиот бренд.

Бројот на следбеници е важен, бидејќи се едначи со доверба. Солиден број на следбеници се смета како позитивен доказ на социјалните медиуми за Вашиот бренд. Ние луѓето сме наклонени да заследуваме профили кои веќе имаат голема бројка на следбеници – колку и да не сакаме да си признаеме понекогаш. Некои од мрежите дури наградуваат за Вашиот број на следбеници: Instagram, на пример, Ви дозволува да наместите линк во story-њата кој ќе се отвори со повлекување нагоре кога ќе га надминете бројката од 10,000 следбеници.

Бројот на следбеници не само што влијае на добивањето нови следбеници и отклучувањето нови карактеристики во социјалните мрежи, тие влијаат на начинот на кој Вашето присуство на социјалните мрежи е прифатено. Па, да видиме како може да се добијат повеќе следбеници.

5 докажано добри начини за добивање повеќе следбеници на социјалните медиуми

Промовирајте го Вашиот профил на сите канали кои ги поседувате

Ваша веб страна, блог, и-меил, други канали на ист социјален медиум – сите можни канали кои се во Ваша сопственост може да ги искористите за да го промовирате Вашиот профил. На овој начин може да добиете следбеници кои веќе веруваат во Вас и шансите да Ве заследат на тој нов профил кој ќе го промовирате се огромни.

Каналите не мора да бидат во Ваша сопственост: доколку имате пријател или познаник кој поседува канал во релевантна индустрија кој има висока дневна посетеност, ова е исто така опција. Доколку користите и-меил маркетинг и испраќате доста меилови дневно или неделно, вметнето го профилот најдолу во пораката која ја испраќате.

Пополнете го профилот целосно и направете го да изгледа впечатливо

Постојат неколку вида на профили кои им привлекуваат внимание на луѓето:

  1. Профили кои изгледаат вистински: Ова вклучува профилна фотогорафија која не е дифолтна, опис на профилот и кустомизирана хедер слика.
  2. Профили кои имаат корисни описи, поточно кои веднаш им објаснуваат кои сте и што можат да најдат и очекуваат на Вашиот профил.
  3. Профили со убаво организирана содржина, без разлика дали станува збор за фотографии на Instagram или разновидни твитови.

И она што веќе го спомнавме, бројот на следбеници е голем фактор за добивање нови следбеници. Луѓето имаат поголема наклонетост да заследат профил кој веќе има многу следбеници. Доколку Вашиот профил на социјалната мрежа е нов, пред да почнете да го пласирате осигурете се дека е целосно пополнет и остава добар прв впечаток.

Секогаш користете хештагови во објави на социјалните медиуми

За да ги добиете сите придобивки од овој метод, изберете хештагови поврзани со Вашата индустрија кои се пребаруваат најмногу и вметнувајте ги во сите Ваши објави. Постојат многу платформи за наоѓање популарни хештагови на различни платформи, како што се Instagram и Twitter. На Instagram, може да користите најмногу 30 хештагови на објави и најмногу 10 во едно story. Многу брендови избираат да вметнуваат хештагови во првиот коментар на нивните Instagram објави со цел да го остават описот на фотографијата чист.

Користете ги Instagram stories максимално

Слично како и хештаговите, Instagram stories може да ја зголемат Вашата визуелна присутност значително поради тоа што не само што се појавуваат на Вашите следбеници, туку и во Instagram Explore просторот. Ова значи дека луѓе кои не Ве следат ќе можат да Ве пронајдат и доколку им се допадне содржината, да Ве заследат. Во сторињата, може да користите хештагови, локации и @-спомнување на други профили.

Стикерите за хештагови и локации помагаат Вашите Instagram stories да се појават во страни за пребарување за искористените хештагови и локации, додека пак @-спомнувањето испраќа известување до профилот кој го спомнувате, дозволувајќи на личноста , инфлуенсерот или брендот да го ре-објават Вашето стори како нивно.

Бидете природни

Не Ве натерувам да јадете поприродна храна, туку што и да правите, да биде природни, а не автоматизирано или механички. Една од најдобрите стратегии за добивање нови следбеници е да им давате корисна содржина на Вашите постоечки следбеници, со што тие ќе бидат понаклонети да споделат содржина од Вас. Интеракцијата со постоечките следбеници е клучна дури и за добивање нови следбеници, а можеби и најбрз начин.

Постојат неколку начини да го постигнете ова. Можете да заследете 10 релевантни хештагови за Вашиот бренд и редовно да ги посетувате, лајкувате и коментирате. Можете да вклучите известувања кога одреден Instagram акаунт ќе објави со цел да бидете први што ќе лајкнете или напишете коментар. Со тоа ќе го привлечете вниманието на истомисленици кои можеби ќе Ве заследат. Било кој метод и да го преферирате, запомнете да бидете природни.