Како до повеќе следбеници на Facebook & Instagram


Кој е првиот чекор што треба да го направите ако сакате да добиете повеќе Facebook или Instagram следбеници во 2019? Да обрнете внимание на тоа што луѓето гледаат кога го посетуваат вашиот профил.

Изгледот на профилот е првиот впечаток кој го оставате за вашиот бренд и е се’ што треба да ги привлече луѓето да го кликнат копчето “follow”. Бидејќи профилот на Facebook или Instagram станува исто толку важен како и вашата почетна веб страна, осигурете се дека вашиот профил изгледа баш како што треба.

Што треба да има пред се’?

Кога некој ќе го посети вашиот профил на Facebook или Instagram, тие одлучуваат во само неколку секунди дали ќе го заследат вашиот бренд или не. Како паѓа оваа одлука? Со брз скен низ вашите објави.

Но, кога станува збор за конвертирање на посетители во следбеници, тоа веќе не го вклучува само стилот на уредување на вашите фотографии. Тие треба да бидат добро едитирани со кул ефекти и да изгледат колку што е можно попрофесионални. Се разбира, тоа не значи дека мора да имате професионален фотограф позади секоја фотографија. Доволно е вашите фотографии да бидат направени во услови на добра осветленост и да се совпаѓат една со друга, како и со вашиот бренд.

Што уште?

Исто така, треба да имате привлечна профилна фотографија која треба да биде секогаш ажуриранa, како и ефективна биографија во која го опишувате вашиот бренд, имате контакт информации, локација и веб страна.

За среќа, градење професионален изглед на вашиот профил е прилично лесно. Но, како што напоменавме погоре, естетиката на профилот не е нов тренд на Facebook или Instagram. Она што е важно за 2019 година е да се осигурате дека секоја ваша објава е во склад со естетиката што ја имате избрано за вашиот бренд, без разлика дали објавувате Facebook posts, Instagram Stories, видео на IGTV или на вашата веб страна.

Но, тоа не е се’. Откако го избравте крајниот изглед на вашите објави, размислете кои Hashtags ги употребувате. Тие треба да се што повеќе кохерентни со тоа што го објавувате. Focalmark е апликација која може да ви помогне да пронајдете што повеќе Hashtags кои се совпаѓаат со вашите објави.

 

Откога ќе ги пронајдете hashtag-овите кои ќе ги користете за вашиот бренд, не заборавајте да ја вметнете локацијата од каде постирате. Локацијата е важна бидејки ви помага постот што го објавувате да биде видлив за сите кои што ќе пребаруваат од истата локација. Истиот принцип важи и при објавата на Instagram Stories.

Facebook Business Manager

За жал, користење Hashtags и локација во вашите постови не е доволно за да го зголемите бројот на следбеници. Ќе биде потребно таргетирање и промовирање на вашата страна, исто како и на вашите објави. Тоа значи дека треба паметно да ги употребувате вашите средства и да таргетирате одредена публика, поточно таа што е клучна за вашиот бренд и може да се конвертира во ваши верни клиенти. Во таргетирањето може да изберете години, пол, јазик, локација и други демографици за вашата публика.

При креирањето на профил на Facebook или Instagram, социјалните мрежи ви предлагаат да направите “promote” на вашиот профил. Но, постои многу подобар начин да го направите тоа за двете платформи истовремено, како и поефикасно. Тоа е возможно со користење на Facebook Business Manager со кој ќе можете да постигнете одлични резултати за вашиот бренд доколку знаете како најпаметно да ги искористете вашите средства за маркетинг.

Ако сакате да научите како да го употребувате Facebook Business Manager за добивање на повеќе следбеници и да го промовирате вашиот бренд, пријавете се на курсот за Facebook & Instagram Marketing. Во курсот ќе научите многу интересни и потребни работи како да го промовирате вашиот бренд и да воспоставете силно присуство на интернет просторите.

Пријавете се овде.

Или пополнете ја апликацијата за тимот на SourceMX да ве контактира за повеќе информации.