Instagram Story за бизниси: Како да ги изработите како вистински професионалец


Во август 2016 година, Instagram ја претстави функцијата Instagram Stories, функција која им овозможува на корисниците да објавуваат фотографии, видеa, текст и да ги додадат во нивната ‘приказна’ на социјалната мрежа. Се’ што е објавено истекува, односно се префрлува во личната архива по 24 часа.

Бројот на дневни корисници на Instagram Stories постојано се зголемува. Само за споредба, во 2016 година, бројот на корисници изнесувал 100 милиони, а на почетокот од оваа година изнесува 500 милиони корисници на дневна основа.

                                 Статистика од https://www.statista.com/statistics/730315/instagram-stories-dau/

 

Со самото тоа се зголемува можноста вашата Instagram story да биде видена од повеќе луѓе.

Постоењето на Instagram stories претставува надополнување, особено за маркетинг цели. Затоа, во овој блог пост ќе се обидеме да ви објаснеме како да креираме креативни Instagram stories кои ќе му помогнат на вашиот бизнис да се воспостави подобро на интернет просторите.

Како до поквалитетни Instagram stories?

Пред се’, кога станува збор за бизниси на социјалните мрежи, пожелно е самиот Instagram профил да е подесен како бизнис профил. За тоа да го направите, отворете го вашиот профил, па Settings каде ќе ја видете опцијата “Switch to Business Profile.”

Со тоа, ќе имате поголем увид во вашиот профил и ќе имате на располагање повеќе метрици, како на пример импресии, достигнувања и квалитет на објавите. Исто ќе имате можност секоја недела да гледате кој ден ви бил најдобар во однос на објавите, дали вашите објави се повеќе видени од мажи или жени и врз основа на тоа да ја надоградите стратегијата.

А како што е и на Facebook, и на Instagram имате можност за промоција и продажба.

Важно е да знаете дека идеална димензија за објава на Instagram Stories, без разлика дали фотографија или видео снимка, е 1080 x 1920 (ширина х висина).

Притоа треба да внимавате на некои клучни детали. Вашите Instagram stories не треба да содржат премногу текст, особено доколку сакате да ги промовирате истите. Се’ што сакате да кажете треба да биде кратко и јасно наведено во само неколку збора, бидејќи тие истекуваат брзо и корисникот нема многу време на располагање за да чита многу текст.

Исто така, треба да се води сметка и за тоа да не дојде текстот под местото за порака, бидејќи нема да биде читливо.

Ние во SourceMX го обожаваме Adobe Illustrator за креирање на нашите дизајни, а тука спаѓаат и Instagram stories. Но, доколку го немате усовршено овој софтвер постојат многу онлајн алатки кои можат да ви помогнат во креирањето на вашиот дизајн за Instagram Story. Ќе издвојам само една онлајн алатка иако има навистина многу, а тоа е Canva.

Самата Instagram апликација нуди интересни фонтови и бои кои исто така можат да ви бидат од корист при објавувањето.

Покрај слики на Instagram Story, може да додавате и видео снимки, но не подолги од 15 секунди. Видео снимките исто така треба да бидат интересни за да можат да го привлечат вниманието на корисникот што подолго. Исто и за видеата постојат многу онлајн алатки или апликации кои можат да ви бидат од огромна помош.

Може да вршите испитување на мислењето на вашите следбеници поставувајќи прашање, како што е прикажено на сликата:

Може да користите локации и hastag-ови кои ќе ви помогнат да бидете забележени од што е можно повеќе корисници.

Сега доаѓаме до прашањето, зошто е важно вашиот бизнис да биде активен со Instagram stories. Instagram Story е само уште еден начин преку кој може да го претставите вашиот бренд, да презентирате се’ што вие работите, вашите производи, настани и услуги, а сето тоа да биде забележано од огромната публика.

Ако сакате да научите како дa креирате професионални Instagram stories за вашиот бизнис од луѓе кои секојдневно поставуваат такви за бизниси, тогаш дојдете на курсот за курсот за Facebook & Instagram Marketing. На курсот ќе научите интересни и потребни работи за тоа како да го промовирате вашиот бренд и да воспоставете силно присуство на интернет просторите.

Пријавете се овде.

Или пополнете ја апликацијата за тимот на SourceMX да ве контактира за повеќе информации.