Google Sheets: Идеална алатка за Вашиот тим


Google Sheets овозможува сигурна соработка во реално време помеѓу работни групи од различни големини. Благодарение на хостирани документи, на веб-базиран видео пристап и на едноставни алатки за создавање сајтови, Google ги прави информациите достапни на кој било интернет пребарувач или телефон, било каде и во секое време.

Истовременото уредување во реално време овозможува повеќе корисници да соработуваат во извршувањето на еден ист проект во исто време. Соработката во реално време може да се одвива во рамките на истиот домен, а може да се дозволат промени и од надворешни клиенти и партнери.

Предностите, како условно форматирање и вградени формули, ќе Ви заштедат многу време на Вас и на Вашите соработници. Оваа алатка Ви овозможува и брз преглед врз тоа што другите луѓе работат во исто време. Поточно, промените кои тие ги прават ќе се случуваат и на Вашиот монитор во реално време.

Сакате да овозможите пристап во Ваш документ на соработник или пријател? Едноставно притиснете десен клик на било која келија и одберете Внеси коментар (Insert comment), потоа напишете ‘+’ и името од соработникот на кој сакате да го испратите и изберете го нивниот и-меил.

 

 

 

 

 

 

 

 

Бидејќи Google Sheets автоматски ја зачувува секоја една промена, никогаш повеќе нема да има потреба да се плашите од губење на податоци. Доколку треба да ја погледнете листата на промени и одговорното лице, во секое време може да ја пристапете историјата на Вашиот документ.

За да ја видите историјата на ревизии, само кликнете на белешката на врвот на листот кој покажува кога е направена последната промена.

 

 

 

 

 

 

Пред да ја споделите Вашата табеларна пресметка, осигурете се дека секој учесник има Google account. Потоа кликнете на копчето Сподели (Share) во горниот десен агол.

 

 

 

 

 

 

Додадете ги и-меил адресите од луѓето на кои сакате да им дадете пристап во табелата. Потоа кликнете на иконата со молив за да изберете каков пристап да имаат соработниците: да коментираат, да едитираат или само да имаат преглед од документот.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Исто така, можете да креирате линк за споделување (Shareable link) и да го испратите истиот на оној на кој сакате да му дадете пристап. Важно: при креирање на ваков вид на линк, изберете ги дозволите за гледање или уредување соодветно од тоа кој каков пристап треба да добие.



 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Ако тоа не беше доволно да Ве увери дека Google Sheets е супер алатка за работа во тим, тогаш има и повеќе. Во Google Sheets, не само што можете да работите истовремено со Вашиот тим, туку можете и да комуницирате преку ‘real time chat’. Ова ќе Ви овозможи да ја зголемите Вашата продуктивност со тоа што нема да губете додатно време за комуникација преку други мрежи: се’ што Ви е потребно за тимска работа ќе Ви биде во една и единствена веб апликација!

 

 

 

Не ја испуштајте оваа прилика да ги научите сите предности на Google Sheets и сите други Google алатки.


SourceMX организира специјализиран курс за Google Drive & Google Sheets, повеќе може да прочитате ➡ овде.

Или пополнете ја апликацијата за тимот на SourceMX да ве контактира за повеќе информации.


Сакате да читате повеќе совети и трикови за маркетинг, дизајн и програмирање? Кликнете на Send in Messenger, а ние ќе се погрижиме да добивате корисни информации.