Excel vs. Sheets: Која е навистина неопходна алатка во 21-ви век?


Обработката и анализата на податоци не е ограничена само за големите компании, таа може да биде значително корисна и за малите компании како и за самовработените кои сакаат подобра евиденција и организација на податоците.

До неодамна, главен играч во светот на обработката и анализата на податоци беше добропознатиот Microsoft Excel, како дел од пакетот Microsoft Office. Меѓутоа, Microsoft има сериозна конкуренција од Google со Google Sheets.

Google го објави својот софтвер за обработка на податоци Sheets во 2006 година, кој е веб-базиран, односно работи само во вашиот пребарувач што на прв поглед изгледа како недостаток, но само потсетете се колку податоци и информации имате изгубено со тоа што не сте го снимиле Excel докуменот на кој имате работено со часеви. Затоа, Google Sheets е веб-базиран и целосно синхронизиран со вашиот Google меил, што значи дека вашите измени автоматски се снимаат и шансите да ги изгубите вашите податоци се минимални.

За да донесете одлука дали повеќе ви одговара работа со Google Sheets или Microsoft Office и која алатка за обработка на податоци е најпотребна во 21-ви век, направивме споредба во 3 точки: цена, тимска работа и достапност.

Цена

Во поглед на цена, Google Sheets е дефинитивниот победник бидејќи е целосно бесплатен софтвер. Потребно ви е само да имате Gmail меил со што ќе имате пристап до сите бесплатни алатки што ги нуди Google, меѓу кои и Google Sheets. Меѓутоа, имате ограничен простор од 15Gb, кој доколку не ви е доволен е потребно да направите надградба на Google Drive (сега веќе One).

Microsoft Excel има опција за плаќање годишно 69,99 долари, месечно 6,99 долари или пак да го купите софтверот еднократно за 129,99 долари.

Тимска работа

Како многу значаен дел од работата во малите компании е можноста за соработка на тимот на ист документ, со цел побрза обработка на податоците.

Google Sheets оваа опција ја има усовршено така што со едноставно споделување на линк, вие давате пристап со можност за промена на податоци или само за преглед на податоците во вашиот документ. Дополнително, на тој документ истовремено можат да работат повеќе луѓе и активностите на секој од нив се бележат со различна боја. Исто така, на самиот документ има опција за чет во реално време со сите кои имаат пристап.

Excel ги снима документите локално, односно на вашиот компјутер, со што постои шанса од губење на податоците доколку не го снимете документот на време. Бидејќи се работи само на вашиот компјутер, во овој случај немате можност истовремето да работите со други членови од тимот, тоа може да го направите само со испраќање на целиот документ.

Со последните измени и се поголемите напори на Microsoft за насочување кон облак (cloud) технологијата, овозможено е работа во Excel преку OneDrive со што и овде автоматски се снимаат измените и може повеќе луѓе да работат на ист документ.

Достапност

Како што работата во компаниите се повеќе се пренесува на мобилните телефони или таблети, така имаме се повеќе потреба од апликации кои се достапни на повеќе уреди.

Голема предност на Google Sheets е тоа што со самото креирање на Gmail профил вие имате можност да ја користите апликацијата. Приспособена е сите уреди и е доста оптмизирана да можете голем дел од функциите да ги завршувате и на вашиот мобилен телефон.

Excel е исто така достапен на други уреди преку симнување на апликацијата од Google Play/App Store. Во овој поглед и двата софтвери успеаа да овозможат лесно користење на мобилните телефони и таблети.

За крај, иако Microsoft Excel е особено функционален за обработка на голем број податоци, но сепак, Google Sheets интензивно ја напаѓа позицијата на Excel со нудење нови опции како Macros, а со предноста во цената и подобрата веб оптимизација е сериозен кандидат за тронот.


SourceMX организира специјализиран курс за Google Drive & Google Sheets, повеќе може да прочитате ➡ овде.

Или пополнете ја апликацијата за тимот на SourceMX да ве контактира за повеќе информации.


Сакате да читате повеќе совети и трикови за маркетинг, дизајн и програмирање? Кликнете на Send in Messenger, а ние ќе се погрижиме да добивате корисни информации.