7 инспиративни веб дизајни што мора да ги погледнете


Веб дизајнот е во постојан подем, а трендовите постојано се менуваат. Но, некои веб дизајнери навистина знаат како да го привлечат Вашето внимание и да остават свој белег во интернет просторите. Во продолжение, издвојуваме 7 испиративни веб страни кои едноставно мора да ги погледнете.

A is for Аlbert

A is for Аlbert

Видео содржината за веб не е ништо ново. Видеото не само што ја збогатува содржината на една веб страна, туку и им помага на корисниците кои се често во движење да поминат побргу низ содржината. Токму еден таква веб страна со многу видео содржини е  aisforalbert.com. Анимирана азбучна авантура која ги истражува височините и падовите на родителството. Инспиративна веб страна со едукативни содржини.

 

Femme Fatale Studio

Femme Fatale Studio

Типографијата отсекогаш била моќна алатка за визуелно претставување. Способна е да поттикне емоции и да наметне тон на комуницирање на една веб страна, а исто така и да пренесе важни информации. Femmefatale е веб страна на креативно студио кое изработува UX дизајни на креативен начин со многу движење и анимација, притоа фокусирајќи се на културата, луксузот и уметноста. Доминацијата на црна и бела боја во комбинација со движечки елементи и анимација ја вметнуваат оваа веб страна во категоријата некаде помеѓу софистицираност и едноставност.

 

DTSi

DTSi

Во изминатите десет години, бевме сведоци на владеењето на мобилните уреди, воведувањето на AR, VR, AI, AMP и многу други технологии. Можеби токму тоа било инспирација веб дизајнерот да ја изработи оваа веб страна која може да го привлече вниманието на корисникот со оние делови од страната кој се двојно изложени и непотребни. Можеби токму со тоа се истакнува чудното футуристичко време во кое живееме и никој не е сосема сигурен во кој правец се движиме. Уметноста која се создава со секоја акција го засилува чувството на дезориентираност, давајќи и на веб страната видливо хаотичен изглед.

 

Femme & Fierce

Femme & Fierce

Femme & Fierce е многу интересна веб страна каде секоја акција на корисникот има за цел да го изненади корисникот и да се создаде настан. Овој тип на веб страни се наречени веб страни кој содржат микро-интеграција. Секој пат кога ќе преземете мала акција на веб страната или апликација и постои специфичен одговор на тоа, тоа е микро-интеракција. Се смета дека микро-интеграциите ќе бидат голем тренд во 2019 година. Сето ова претставува начин да се задржи вниманието на посетителите на веб страната.

 

Dada-Data

Dada-Data

Оваа веб страна се издвојува со својот асиметричен и неконвенционален распоред. Веб страните од ваков тип се издвојуваат со својата уникатност, лесна препознатливост, а понекогаш и со својата експериментална страна. Иако големите брендови со многу содржини сè уште користат традиционални структури, се очекува зголемување на употребата на неконвенционални распореди низ мрежата, бидејќи брендовите создаваат уникатни искуства за да се издвојат. Генерално, традиционалните компании не се заинтересирани за оваа, но поголемите брендови што можат да си дозволат да бидат поразлични, ќе очекуваат идеи поразлични, понеконвенционални и поавтентични од сите можни стандарди што ни се познати.

 

InTurn

InTurn

Како што напредува и се менува технологијата на пребарувачите, така веб страните преминуваат од статични слики кон нови начини на приказ како што се анимациите за да го привлечат и задржат вниманието на корисниците. За разлика од анимациите кој ги споменавме погоре (генерално големи позадини), кај оваа веб страна може да забележиме помали анимации. Овие анимации не само што го привлечуваат вниманието на корисникот, туку и го објаснуваат целиот процес на доста интересен начин. Анимацијата е одлична алатка за вклучување на корисниците во приказната за веб страната, овозможувајќи им да се видат себеси (и нивната потенцијална иднина како клиенти).

 

Symodd

Symodd

Градиентите се враќаат на сцена. Сега, градиентите се големи, гласни и полни со боја. Токму таков пример е оваа веб страна која изобилува со градиент и топли бои во комбинација со едноставни слики. Една едноставна градиент-позадина може да биде совршено решение во случај кога немате добри и кавалитетни слики.

 

Други интересни веб страни кои го заслужуваат Вашето внимание:

Makoto Hirao

Makoto Hirao

 

Nurture Digital

Nurture Digital

Кodingergoy

Кodingergoy


Сакате да читате повеќе совети и трикови за маркетинг, дизајн и програмирање? Кликнете на Send in Messenger, а ние ќе се погрижиме да добивате корисни информации.

(1) Comments

Comments are closed.