6 маркетинг вештини кои ќе ви помогнат да креирате квалитетни содржини


Маркетингот има огромен потенцијал да влијае на нашите животи. Во некои држави, како на пример САД, маркетингот дури се опишува како “активност, сет на институции, вештини и фази на креирање, комуницирање, испраќање и размена на понуди кои имаат вредност за потрошувачите, клиентите, партнерите и општеството“.

Но, маркетинг вештините и кариерниот напредок не се случуваат толку лесно во полиња кои прогресираат со брзината на светлината. Компаниите бараат од нивните вработени ‘еволвиран’ сет од вештини, приспособен според најновите стандарди и трендови, што резултираше во сосема нова ера на маркетинг позиции, како на пример дигитален маркетер.

Од модерните маркетери се бара да бидат запознаени со повеќе маркетинг вештини, да се добри во повеќе и да се експерти во неколку. Да се поседува тим од индивидуалци со најразлични вештини и познавања не само што овозможува неверојатна флексибилност при креирање најразлична содржина за маркетинг кампањи, туку овозможува и секој еден маркетер од тимот да заблеска како индивидуалец. Овие 6 про-маркетинг вештини ќе овозможат на вашиот тим да ја има посакуваната флексибилност и индивидуалност.

Раскажување

Звучи чудно, зар не? Но, во последните неколку години, повеќе истражувања докажаа дека корисниците сакаат приказни, без разлика дали успешни или не, лични или професионални. Маркетерите отсекогаш се сметаат за природно добри разкажувачи на приказни, но тоа не е сосема точно. Доколку пред неколку години маркетерите во светот ја вклучуваа “storytelling” како вештина во нивните резимиња, денес само околу 7 проценти од сите маркетери во светот на LinkedIn се сметаат себеси за “storytellers”. Сепак, бројот на storytellers е повисок од било кога.

Како маркетер, раскажувањето на приказни не значи само да им кажувате на вашите следбеници какви производи и услуги вршите. Ефективното раскажување на приказни вклучува длабоко разбирање на човечките чувства, мотивациите и психологија за да може ефективно да комуницирате со нив на природен и забавен начин.

Најдобар начин да креирате квалитетна приказна е да ја следите позната техника “The Story Spine”. Оваа формула е создадена од професионалниот раскажувач на приказни и импровизатор Кен Адамс, а може да се забележи во филмовите на Pixar. Формулата е следнава: Еднаш многу одамна имаше  ____. Секој ден, ____. Еден ден, ____. Затоа, ____. Затоа, ____. Се’ додека ____.

Ве охрабрувам да се обидете да ја практикувате оваа формула за вашиот сопствен бренд, производи или услуги, или за вашите клиенти. Доколку сакате да видите како оваа формула се практикува, еве ќе го земеме за пример брендот Nike:

  • Еднаш многу одамна, постоеше страствен изработувач на патики кој сонуваше неговите патики да бидат во сопственост на сите оние кои трчаат.
  • Секој ден, тој работеше на усовршување на неговите патики со цел да се што е можно подобри.
  • Но, еден ден, овој изработувач на патики дојде до реализација дека набавувањето патики за илјадници трчачи во светот не е воопшто лесна задача.
  • Затоа, тој работеше уште понапорно за да се осигури дека неговите производи ќе бидат произведени квалитетно, покрај тоа што критикувачите зборуваа против него.
  • Затоа, неговите патики стануваа подобри и подобри и бројот на спортисти кои ги носеа на големи натпреварувања растеше значително.
  • Се’ додека не стануваше збор само за трчање повеќе. Прерасна во нешто поголемо – пронаоѓање на внатрешниот шампион правејќи го она што најмногу го сакате со опремата што ве прави да се чувствувате како вистински победник.

Приоритизирање

Како што најверојатно знаете, во нашиот бизнис, секогаш има нешто што може да се заврши. Да се биде ефективен во приоритизирањето е една од најдобрите маркетинг вештини што може да ја владеете, а за која не се зборува многу. Сепак, таа игра голема улога во успехот на вашиот тим и вашата содржина. Константно креирање на одлична содржина значи прифаќање еден тон одлични идеи и можности за содржина, но и одбивање на исто толку.

Еден од најдобрите начини да останете добро организирани како тим е да се претплатите на некоја од онлајн алатките за креирање задачи и определувње на истите по член. Може лесно да ги назначите оние кои треба да се завршат во најкраток рок и оние кои имаат подолг рок.

Менаџирањето на сите идеи, проекти и иницијативи во еден тим ќе ви дозволи да останете супер-фокусирани и продуктивни константно. Како да ја развиете оваа вештина? И како да приоритизирате содржини и кампањи кои ќе бидат успешни? Со поставување на цели!

Постојат многу начини да си поставете цели како тим и било кој и да го изберете, ќе бидете на добар пат да ја развиете оваа вештина, наречена приоритизирање. Поделете ги целите на примарни, секундарни и терцијарни и нагласете точно кој што ќе работи и како ќе придонесе во остварувањето.

Визуелна содржина

Ние, луѓето, по природа сме визуелни суштества. Во нашите умови, постојат милиони неурони посветени на визуелното процесирање, или поточно, 30 проценти од целиот кортекс, во споредба со 8-те проценти за допир и само 3 проценти за слух. Во други зборови, најуспешните маркетинг тимови не само што се способни да комуницираат преку пораки во писмена форма, туку се и способни да креираат одлични дизајни кои им помагаат во раскажувањето на добри визуелни приказни.

Трендот за секој маркетер да знае основни вештини на дизајнер започна со новата ера на маркетинг позиции уште пред некоја година и сеуште важи, денес во 2019-та. Но, доколку немате познавања во некој софтвер за дизајнирање, како на пример Illustrator, не грижете се – постојат многу бесплатни ресурси на интернет кои ќе ви помогнат да започнете. Една од ваквите е Canva која ќе ви овозможи да изработите едноставен или комплициран дизајн во само неколку минути доколку знаете што точно ви треба.

Експериментирање

Како големите маркетинг тимови доаѓаат до одлични идеи? Која е нивната тајна? Експериментирање! Позади секоја успешна маркетинг идеа или кампања, постојат стотици мали неуспеси. Тимовите кои не се плашат од неуспех и се решени да се обидат со стотоци различни пристапи и да поминат исто толку тестови со цел да ја добијат вистинската идеа се честопати најуспешните маркетинг агенции.

Во софтверите за организирање на задачи, како на пример Asana, може да ги приоритизирате експериментите и идеите во зависност од конкуренција, важност, цена, итн. Иако не постои само еден вистински докажан начин на пробување маркетинг експерименти, еве една формула која ние во SourceMX ја користиме:

  • Почнуваме со зацртување цели, како на пример, пронаоѓање клиент надвор од Македонија.
  • Нашиот маркетинг тим започнува да дискутира и да разменува идеи како би можеле да ја постигнеме нашата цел на различни начини: со реклами на социјалните медиуми, со SEO или пак преку ладни имеилови.
  • Ги приоритизираме идеите во зависност од тоа на кој начин сме најмногу подготвени да пристапиме и започнуваме да тестираме.
  • Потоа, внимателно ги следиме, анализираме и споредуваме резултатите и ги оптимизираме за максимален ефект.

Експериментирањето има голема моќ и ќе ви помогне да го откриете вистинскиот потенцијал на вашиот тим.

Анализирање

Како маркетери, сите ние правиме одреден степен на анализа – знаејќи или не. Од оние опседнати со анализа до оние кои само следат анализа за да се каже дека го прават тоа, сите сме запознаени со тоа што е анализа. Но, дали сите ја знаеме важноста на правењето правилни анализи?

 

Човечката интуиција не’ води кон тоа да ги следиме нашите резултати и да се обидуваме да ги оптимизираме колку што е можно подобро. Во маркетингот е потребно многу повеќе од интуиција. Потребно е да се знае какви податоци и како да се следат истите. Во главно, постојат три чекори кои треба да ги следите кога ја анализирате вашата маркетинг кампања/стратегија:

  • Кои канали привлекуваат најголем интерес кај корисниците?
  • Кои стратегии предизвикуваат најголема стапка на “engagement”?
  • Кои канали, методи и стратегии треба да ги имплементирате за да ја зголемете стапката на “engagement”?

На почетокот, се почнува со експериментирање се’ додека немате доволно податоци за да утврдите кои канали, стратегии и методи работат најдобро за вас и вашиот бизнис.

Учење

Никогаш нема да бидете успешен маркетер доколку се откажете од следење на најновите трендови во маркетингот и престанете да учите. Знаење, страст и искуство се најосновните квалитети на еден маркетер, а тие не се случуваат преку ноќ. Се развиваат со напорна работа со години, посветеност, со многу грешки, само-анализирање и личен раст.

Во SourceMX, ние сме тим од природно љубопитни луѓе, гладни за успех и секогаш отворени за нови идеи и нови предизвици. Исто како што водата ги храни нашите тела, информациите и континуираното учење ги храни нашите умови. Како такви, наша голема желба е да ги споделиме нашите, а и знаењата на експерти од своите полиња, со сите оние кои се исто толку љубопитни и гладни за знаење и успех колку нас, па од таму произлезе проектот SourceMX Academy.

Доколку се сметаш за таков и навистина сакаш да ги надоградиш своите знаења, ние сме тука да те поддржиме и да ти овозможиме да научиш повеќе. Основачот на академијата, Глигор Ризов, несебично ќе ги сподели сите свои знаења за маркетингот кои ги има стекнато во својата десетгодишна кариера како маркетер. Прочитајте повеќе ↪ овде ↩.