5 причини зошто на Вашиот бизнис му треба Месенџер бот (веднаш!)


Дали знаевте дека 80% од бизнисите кои користат некакви маркетинг услуги веќе планираат да имплементират Facebook Messenger бот до крајот на 2020 година? Овие чет ботови добиваат сè поголема вредност и се сè почесто застапени во маркетинг стратегиите. Од поддршка за корисниците до зголемување на претпознатливоста на еден бренд, опциите со овие ботови се неограничени.

Што поточно е Facebook Messenger бот?

Четбот е вид на софтвер кој со помош на вештачка интелигенција симулира конверзација со човек. Најчесто употребуван вид на четбот е Messenger ботот. Овие ботови разбираат прашања, враќаат автоматизирани пораки и извршуваат задачи. И благодарение на машинско учење, тие стануваат сè попаметни со секоја интеракција, па на нив може да гледате како интелигентни дигитални асистенти.

Една од главните причини зошто четботовите станаа популарни во изминатите години е токму машинското учење. Додека порано ботовите беа опишани како безживотни и “премногу роботски“, комуникацијата со нив денес воопшто не може да се почувствува како механичка. Всушност, шансите дека имате пишувано со четбот без да знаете се многу големи.

Порано, месенџер ботовите се користеа во главно за поддршка на корисниците, но бројот на бизниси кој ги имплементира во нивните маркетинг стратегии за зголемени продажби и автоматизирани нарачки е во постојан раст. Тоа се должи на фактот што ботовите се понапредни од било кога и веќе можат да служат за подобрување на повторувачки конверзации, зголемување на продажби, квалификација и сегментација на лидови, и друго.

Зошто чет ботови?

Она што ги прави чет ботовите одлична алатка за било кој бизнис е тоа што се брзи, паметни, и најважно од сè: флексибилни. Вашите клиенти никогаш повеќе нема да чекаат денови за одговор. Доколку ги припремите одговорите на најчесто поставуваните прашања, како на пример, „каде се наоѓате“, „може ли мени“ и слично, одговорите може да им бидат достапни со само еден клик! Доволно одолговлекување: време е да ги дознаете 5-те причини зошто на Вашиот бизнис му е потребен Месенџер бот – веднаш!

1. За подобрена поддршка на корисниците

Без разлика на тоа дали сте мал или голем бизнис или бренд, веројатно добивате многу пораки на Facebook секојдневно. Четбот во вакви ситуации е особено добар начин да Ви заштеди време и пари. Доколку е правилно имплементиран, ќе може да разбере прашања поврзани со Вашиот бизнис и да понуди најразлични одговори: од совети до најчесто поставувани прашања, па дури и да ги насочат корисниците до специфични веб страни за повеќе информации.

Наместо вработување тим за поддршка за корисници, сега може да поставите четбот кој на Вашите клиенти ќе им стои на располагање 24/7, а ќе одговора на природен и разговорен начин. Погледнете го едноставниот Месенџер бот на Телеком МК ⬆. По притискање на “Get Started” копчето, нивниот бот веднаш Ви нуди неколку опции, меѓу кои и опцијата да поставите специфично прашање на кое ќе се вклучите во конверзација со вистински човек.

Уште еден одличен пример кој доаѓа од светски гигант е четботот на Google Ads ⬆. Нивниот бот започнува со прашање за кој производ на Google сте најмногу заинтересирани. Потоа, прави селекција на достапните опции врз база на Вашата селекција и доколку ниту еден од понудените одговори не Ви одговара на Вашето прашање, ботот Ви нуди опција да Ве поврза со “човечка“ поддршка.

2. За зголемен број на продажби

Доколку немате идеја како еден Месенџер бот би можел да ги зголеми Вашите продажбите и коефициентот на конверзии, го имаме идеалниот пример за Вас. Lego, познатата данска компанија за играчки, има неверојатно ефикасен и забавен четбот, кој нуди неверојатни опции. Погледете низ фотографиите:

По неколку квалифицирачки прашања (буџет, години, итн.), четботот на Lego ќе има веќе предлог за Вас. Но, најдоброто од сè во врска со овој бот е опцијата, кога ќе Ви се допадне одреден производ, со притискање на едно копче, ботот не само што ќе Ве насочи кон нивната веб страна, туку ќе го има и избраниот производ веќе во кошничка, олеснувајќи ја процедурата на корисниците. Четботот на Lego има функција на дигитален продажен агент, помагајќи на потенцијални корисници да пронајдат производи кои им се допаѓаат и да направат нарачка.

Неверојатно е колку голем дел од продажбата на еден производ може да се случи директно во Месенџер апликацијата, која за повеќето корисници на денешно време е подобар начин на комуникација од телефон или и-меил.

3. Секогаш во допир со Вашите клиенти

Една од најкорисните карактеристики на Месенџер ботот е способноста да испраќа претплатнички пораки на одредена група претплатници или на сите. Важно е ова да не се прави многу често, особено без согласност од корисниците (бидејќи претставува закана за условите на користење од Facebook), но доколку се користи паметно и во умерена мера, претставува одличен начин да бидете во контакт со Вашите клиенти дури и кога немате време да го правите тоа лично.

Во овие претплатнички пораки, внатре може да вклучите опција за колку често или за каква категорија производи или услуги тие би сакале да останат информирани. На овој начин, ќе направите сегментација на Вашите клиенти што ќе Ви помогне да поставите поконкретна комуникација со нив и да им овозможите да се поврзат со Вас повеќе. Уште еднаш, имајте на ум каква содржина ќе испраќате како претплатнички пораки, бидејќи Facebook има строги правила во врска со нив. Исто така, важно е да им понудите на корисниците и очигледен начин да се отпишат од Вашите автоматски пораки.

4 . Информирајте ја Вашата публика за Вас

Месенџер ботовите се одличен начин да ја информирате Вашата публика во врска со Вашиот бизнис или индустријата во која оперирате. Еден начин како може да го правите ова е да наместите “greeting message“ или порака за поздравување која ќе биде првата што ќе се појави при интеракција со Вашиот бот. На овој начин, корисниците ќе можат да дознаат нешто повеќе за Вашиот бизнис пред да започнат конверзација. ⬇

Може да креирате и серија од прашања како опција за корисниците доколку тие ссакаат да дознаат повеќе за Вашиот бизнис на интересен и интерактивен начин, како што тоа го имаат направено Marriott International ⬇ . Но, се разбира, можностите со Месенџер ботот немаат крај. Постојат многу начини како може да ја информирате Вашата публика за тоа кои сте, што правите и други информации кои можеби би ги интересирале.

5. Зголемете ја Вашата публика

Со повеќе од 1.3 милијарда месечно активни корисници, Facebook Messenger е една од најпопуларните апликации во светот.но, популарноста не е она што ја прави алатката одлична за бизниси. Според многубројни извори, Месенџер има просек од околу 70-80% стапки на отварање (open rates) и 20% стапки на кликање внатре во апликацијата (click-through rate) – броеви што се далеку подобри од оние на и-меил маркетингот, на пример.

За разлика од и-меилови, со четботови никогаш нема да бидете блокирани од спам филтер или да завршите во погрешен меил. Ова значи дека Месенџер е еден од најдобрите начини да дојдете до нова публика на брз начин. Доколку ботот е добро имплементиран и е во одлична соодветност со вредностите на Вашиот бизнис, ќе имате шанса да изградите голема публика и да изградите одлични врски со истите, кои имаат големи шанси да се конвертираат во купувачи (доколку продавате) во иднина.