5 практични совети за подобри дизајни


Кога креативноста и талентот ќе ве разочарат, имплементирајте ги овие 5 тактики за вашите дизајни да не настрадат.

Секој дигитален маркетер, графички дизајнер и веб дизајнер понекогаш доаѓа до потешкотии при носењето на одлуки во врска со дизајни. Можеби компанијата за која работите нема вработено веб дизајнер на полно работно време кој ќе ги носи тие одлуки за вас, или пак едноставно треба да донесете одлука во врска со подобрувањето на UI за вашиот личен проект. Или пак, креирате нов веб-сајт и сакате да го направите да изгледа подобро од типичен Bootstrap веб-сајт.

Лесно е да ги дигнете рацете и да речете “Никогаш нема да го направам да изгледа толку добро, не сум јас уметник“. Но, не разочарувајте се – на денешно време повеќето веб дизајнери немаат уметнички способности, а прават веб страни кои би ве воодушевиле. Еве ги триковите кои јас би ви ги препорачал за да ги подобрите вашите дизајни за чија примена не ви е потребно никакво претходно искуство во графички дизајн.

1. Користете бои и тежина за да креирате хиерархија (наместо големина на текст)

Често пати знаеме да ја направиме грешката од користење големина на текстот за да воведеме хиерархија во нашите дизајни.

“Овој текст е важен? Да го направиме поголем.“

“Овој текст не е многу важен? Да го направиме помал.“

Наместо да ја зададете оваа задача исклучиво на големината на фонтот, обидете се да ја поделите оваа обврска помеѓу бојата и тежината на фонтот.

“Овој текст е важен? Да го направиме фонтот подебел.

“Овој текст не е многу важен? Да го направиме фонтот потенок.

Држете се до две или три бои:

  • Темна (но не црна) боја за примарната содржина (како на пример, наслов на блог пост).
  • Сива (но не црна) боја за секундарна содржина (како на пример, датумот на објавување).
  • Посветла сива за не-толку-важна содржина (можеби некои информации во футерот).

Слично и со тежината на фонтот, еве колку едноставно да го манипулирате:

  • Нормална тежина на фонтот (400 до 500 во зависност од фонтот) за повеќето текстови.
  • Потежок фонт (600 до 700) за текст кој сакате да го нагласите.

2. Не користете сив текст на избоени позадини

Користење на текст во светло сива боја е одличен начин да го де-нагласите текстот на бела позадина, но истиот принцип не работи кога позадината е во друга боја. Тоа се должи на тоа што ефектот кој всушност го гледаме со сив текст на бело е помалиот контраст. Користење на боја за текстот која е блиску до бојата на неговата позадина всушност помага во воспоставувањето на хиерархијата. Постојат два начини да го намалите контрастот кога работите со позадини во боја:

  1. Намалете ја транспарентноста на белиот текст: користете бел текст и намалете ја неговата транспаретност . Ова ќе овозможи на бојата на позадината суптилно да протече низ фонтот, де-нагласувајќи го текстот на начин кој не попречува на позадината, ниту пак попречува на дизајнот.
  2. Рачно изберете боја која е базирана на бојата од позадината: овој принцип работи исклучиво подобро од претходниот кога позадината е слика или патерн, или кога намалувањето на транспарентноста го прави текстот да изгледа досадно. Изберете боја која има слична нијанса на позадината, па потоа подесете ја сатурацијата и светлината по ваша желба (како што објаснуваме на сликата подолу).

3. Користете помалку граници

Кога е потребно да направите поделба помеѓу два елементи, обидете се да се спротиставите на инстантната желба да употребете типични “borders”. Бели граници се одличен начин за да ја направите поделбата помеѓу два елементи очигледна, но секак не и единствениот. Следниот пат кога ќе посегнете кон досадните бели линии, обидете се со една од овие две идеи:

  1. Две различни бои за позадина: Давајќи и две различни бои на позадината е обично се’ што ви треба за да ја направите разлика помеѓу два елементи очигледна. Доколку веќе имате различни бои за позадина, а и граници, обидете се да ги избришете границите – големи се шансите воопшто и да не ви требаат.
  2. Додадете повеќе празен простор: Уште еден одличен начин да ја нагласите поделбата помеѓу елементи е да го зголемите просторот меѓу нив. Додавањето простор ќе направи ефективна поделба, а воопшто нема да влијаат на постоечкиот UI.

4. Не ги зголемувајте иконките кои треба да се мали

Доколку дизајнирате нешто кое би изгледало добро со поголеми иконки (како на пример “features“ секција), сигурно инстинктивно посегнувате кон сет икони и ги зголемувате се’ додека не ги исполнуваат вашите потреби. Тие се вектори, така што квалитетот не им се намалува колку и да ги зголемувате, зар не?

Иако ова е сосема точно, резултатот од зголемување на икони изгледа многу непрофесионално. Се губи нивната смисла, испуштаат детаљи и едноставно не изгледаат добро како со мали димензии. Ако пак иконите кои ги имате се многу мали (што е чест случај кога работите со клиенти кои имале претходна соработка), обидете се да ги направите дел од некоја поголема форма и да ги соедините со бојата на позадината на истата. Ова ќе ви овозможи да ја задржите иконата во нивната идеална големина, додека зафаќа поголем простор како што сакате. Еве пример од нашата веб -страна:

5. Не секое копче има потреба од боја на позадината

Кога им нудите повеќе опции за активности на вашите посетители на вашата страна, лесно е да ја направите вообичаената грешка од дизајнирање на сите тие активности. Framework системи, како на пример Bootstrap, ќе ве охрабрат да го направите менито со повеќе видови на копчиња кои лесно може да ја направат вашата веб страна пренатрупана. Значењето на тие копчиња, како и нивните функции, е несомнено важен дел од дизајнирањето на истите, но ништо не е поважно од хиерархијата.

Секоја активност на една веб страна се наоѓа на одредена позиција на пирамидата на значењето. Повеќето страни имаат само едно вистинско или примарно копче, две помалку важни или секундарни копчиња, и неколку ретко користени копчиња. Кога дизајнирате копчиња за овие активности, многу е важно да ги одредите нивните позиции во хиерархијата.

  • Примарните копчиња треба да се очигледни. Полни бои и висок контраст помеѓу позадината и текстот е идеална комбинација за овие копчиња.
  • Секундарните копчиња треба да се чисти, но не премногу истакнати. Стилските линии или позадина со боите и понизок контраст се одлични опции.
  • Помалку важните копчиња треба да бидат присутни, но не и ненаметливи. Стилот кој совршено одговара на овие копчиња е во форма на линкови.


Сакате да читате повеќе совети и трикови за маркетинг, дизајн и програмирање? Кликнете на Send in Messenger, а ние ќе се погрижиме да добивате корисни информации.