5 Креативни веб страни изработени во WordPress


Минатата година WordPress го прослави својот 15 роденден. Но, да се вратиме наназад и да видиме како започна се’. Во мај 2003 година, Matt Mullenweg и Mike Little го создале WordPress, а нивната цел била да се променат насоките и трендовите на сите веб-страници. Од тогаш па до денес, WordPress постојано се наоѓа високо на ранг листите на врвни CMS (content management system) системи. На возраст од 15 години, WordPress располага со над 75 милиони веб страници. Благодарение на тоа што е бесплатен и едноставен за работа, WordPress е еден од најкористените веб “билдери” за градење на веб страни кој ги имаме денес.

Доколку сакате онлајн присуство денес, тогаш WordPress е идеален за вас, бидејќи е едноставен и не бара огромно техничко знаење за креирање на едноставни веб страни. Ние во SourceMX сме огромни фанови на овој CMS и  го користиме секојдневно. За да ве инспирираме и вас да се обидете да изградете веб страна со WordPress, денес издвојуваме 5 креативни веб страни кои се изработени во WordPress.

Studio OUAM

Studio OUAM img

Studio OUAM е француска креативна агенција специјализирана за визуелен идентитет и создавање брендови. Нејзината почетна страница содржи убава типографија, анимации осетливи на маусот, прекрасни ефекти, како и анимации.

Who Is Leon?

whoisleon img

“Кој е Леон?“ е веб страница на UI / UX програмер во Далас, Тексас. Тој е главниот фокус во неговата веб страна која ја користи за да ги прикаже неговите способности визуелно. Кога корисникот ја разгледува неговата веб страна добива чуство дека овој програмер располага со голема амбиција во извршувањето на неговите дизајни. Неговата веб страна изобилува со иновативни ефекти на транзиција, споени со елегантен рамен дизајн кој создава врвен ефект. Фразата  “Не можам да верувам дека тоа е направено со WordPress” со сигурност може да се каже за оваа веб страна.

Awesome Motive

Awesome Motive img

Awesome Motive е партнерска компанија на WPBeginner. Нивната ново-дизајнирана веб-страница е едноставна и елегантна, со суптилна анимација во заглавјето, а мисија на компанијата како поздрав-порака. Подолу е прикажана витална статистика, нивните производи, можности за работа и многу повеќе.

Аmazonia Font

Аmazonia Font img

Интерактивен примерок на веб страна за приказ на фонт и за е-трговија која ја прикажува Amazônia, дизајн на фонт инспириран од дождовната шума на Амазон.

Мултидисциплинарен проект за дизајн кој се приклучува на дизајни од  типот кои со својата илустрација и веб-дизајн има цел да создаде совест за загрозениот див свет на бразилската дождовна шума во Амазон.

Тоа е интерактивна страница! Можете да навигирате фонтови со користење на копчињата ⬅ и ➡ или со внесување текст за да видите како ќе изгледа во нивниот фонт. Мобилната верзија на страницата работи како и десктоп верзија – можеби дури и подобро.

wrk.

wrk. е француско креативно веб-студио кое создава елегантни и функционални дизајнирани веб-страници. Со интересна комбинација на пастелни и живи бои, а и едноставната почетна страница на која ви се понудени најосновните опции што дизајнерот би сакал да ги изберете, wkr. е навистина инспиративен веб сајт кој е тешко да се поверува дека е изграден на оваа платформа.

 

На WordPress платформата свои веб страни имаат многу познати личности и брендови а како за пример ќе ги издвоиме: BBCАmerica, Microsoft News Center,Usain Bolt, The Rolling Stones и Katy Perry.

За да утврдите која технологија е користена при грењето на една веб страна постојат различни веб страни и плагини кој можат да ви помогнат во откривањето. Ние издвојуваме две веб страни кој можат да ви помогнат во тоа: www.builtwith.com  и  www.wappalyzer.com/.

 


Доколку сакате да научите како да изработувате квалитетни веб страни во WordPress, пријавете се на курсот што го организира SourceMX Academy. Прочитајте повеќе на линкот или пријавете се за повеќе информации.