5 креативни начини за користење на Instagram story анкети


Engagement, engagement, engagement – се’ се врти околу оваа статистика. Во зависност од индустријата во која е вашиот бизнис, од тоа зависи колку продажби ќе остварите, а и колку луѓе ќе зборуваат за вас и вашиот бренд надвор од интернет просторите. Веќе во неколку наврати напоменавме дека Instagram зема голем замав и помладата публика веќе троши многу повеќе време таму отколку на Facebook или друга социјална мрежа. Доколку сакате да ги активирате вашите фанови на Instagram, еден одличен начин е преку Instagram story анкети или polls.

Instagram story анкети не само што го привлекуваат вниманието на вашата публика, туку и ви даваат шанса да се зближите со вашите следбеници и да ја зголемите лојалноста на нив со вашиот бренд. Моментално Instagram нуди две различни опции за анкети: класичната анкета со два прилагодливи одговори и поновата опција – emoji лизгачот.

Не знаете како да користите Instagram story анкети за вашиот бизнис? Во продолжение ви прикажуваме 5 интересни и креативни начини кои ќе ги активираат вашите следбеници.

Користете анкети за да дојдете до нови идеи и повратни информации

Со давањето шанса на вашите следбеници да се изјаснат како се чувствуваат со одредена одлука или промена што сакате да ја имплементирате, го намалувате ризикот од имплементирање на лошо прифатена промена. Анкетите можат да ви помогнат да дојдете до нови идеи, да дојдете до искрени мислења за одредени производи или услуги или пак да дознаете каква содржина вашите следбеници сакаат да гледат повеќе од вас.

Воведувањето на вашите Instagram следбеници во креирањето на вашите нови производи е одличен начин да го зголемите нивото на engagement. При објавувањето на анкета, важно е не само да ги прашате вистинските прашања, туку и да знаат дека ги слушате. Кога анкетата ќе заврши (по 24 часа), споделете ги резултатите со нив и јавно дадете пофалби на одреден следбеник доколку е потребно.

Користете го emoji слајдерот да им понудите повеќе опции

Доколку понекогаш две опции не ви се доволни за одредена анкета, овде emoji слајдерот ја демонстрира својата моќ. Многу бизниси веќе го прават и креираат креативни анкети со emoji слајдерот и им нудат повеќе опции на следбениците од класичните да/не прашања. Веднаш до или над слајдерот (во зависнот дали ќе го позиционирате вертикално или хоризонтално), напишете повеќе опции за одговор, а вашите следбеници ќе го повлечат слајдерот до таму каде што нивниот одговор е. На овој начин, имате можност да креирате уникатни и персонализирани одговори за вашите анкети на интересен и креативен начин.

Користете анкети за да дознаете повеќе за вашата публика

Еден од најлесните начини да ја запознаете вашата публика е да започнете разговор преку прашања. Instagram story анкетите се одличен начин за да дознаете што вашите следбеници сакаат и не сакаат и што би сакале да гледаат повеќе од вас. Дали сакаат повеќе објави или сториња? Преферираат тизер-видеа или едитирани про-видеа? Дали сакаат долги или кратки описи на вашите објави? Одговорите на овие прашања нема никогаш да ги знаете освен ако ги прашате. Овие прашања ќе ви помогнат да изградите подобра врска со нив и да ги задржете како верни фанови уште долго доколку вашата стратегија за објавување содржини се вклопува со онаа што тие го сакаат најмногу.

Користете анкети за да ги забавувате вашите следбеници

Како? Креирајте интерактивна игра! Instagram story анкетите се одлична алатка за да ги натерате вашите следбеници да стапат во интеракција со вашиот бренд. Исто така е лесен начин да им покажете дека сте лесно достапни и дека зад овој акаунт стои вистински човек. На пример, можете да ги прашате некое едноставно прашање, како на пример “Кој е вашиот омилен пејач кој веќе не е помеѓу нас?“, проследено со серија сториња со два понудени избори помеѓу два пејачи.

Се разбира, прашањето за оваа “игра“ треба да биде во согласност со вашиот бренд. Доколку не е, ќе го постигнете тотално спротивниот ефект од посакуваниот. Имајте на ум прашањата да не бараат многу размислување и да бидаат претставени на интересен начин: со слики, со emojis, со гифови, итн. Како и да ги користите Instagram story анкетите, држете ги блиску до целите и дејноста на вашиот бизнис.

Користете анкети за да ги запознаете со вашиот бренд

Запознавањето на вашиот бренд може да биде исто така начин на зголемување на довербата и лојалноста кај вашите следбеници. Со Instagram story  анкети, можете да го привлечете вниманието на вашите следбеници и да креирате т.н. “buzz” пред лансирање на одредени производи или услуги. Може да ги прашате едноставно прашање како “Дали сте возбудени за новата пролет/лето колекција?“ со понудени два позитивни одговори на анкетата. Така тие ќе знаат што да очекуваат кај вас и ќе бидат многу повозбудени за лансирањето на новата колекција на гардероба, што во овој случај би резултирало во зголемен број на продажби.