13 типови на веб-страници кои може да ги изградите со помош на WordPress


Во серијата блог постови, запознај се со WordPress!

Денес ќе се запознаме со тоа какви се веб страни може да изградите со помош на WordPress.

Најголемата заблуда во однос на WordPress е тоа што се смета дека WordPress е платформа само за блогови.  На почетокот WordPress стартувал како платформа за објавување блог постови, но со текот на годините, се развил во еден од најмоќните “билдери” на веб страни и систем за управување на содржини (CMS).

Зошто да го одберете WordPress како платформа за градење на вашата веб страна

За разлика од другите платформи за градење на веб страни, како на пример Joomla, Shopify, Magento, Wix и Weebly, WordPress се издвојува со:

  • Софтверот е бесплатен и со отворен код
  • Лесно прилагодлив за било каков тип на веб страница
  • Подржува различни видови медиуми
  • Компатибилен е со одлични SEO (Search engine optimization) алатки
  • Лесен за работа (не е потребно претходно техничко знаење)
  • Постојат огромен број на теми и додатоци (многу од нив бесплатни) кои може да ги додадете на вашата веб страна за да ја разубавите или да ја збогатите содржината
  • Имате целосна контрола врз вашата веб страна

 

Самиот факт дека 29% од веб страните на интернет се изградени со WordPress, зборува многу за оваа платформа.

Какви се’ веб страни може да изградите со WordPress

Листата е долга, но како типови на веб страни кои може да ги изработите со WordPress издвојуваме:

Блогови

 

Веќе погоре спомнавме дека WordPress најпрво стартувал како платформа за блогирање. Оваа важна карактеристика на WordPress е сеуште популарна, дури може да се каже дека блог постовите се издигнаа на едно повисоко и пософистицирано ниво. Доколку сакате да започнете да пишувате содржина за блог, тогаш WordPress е идален за вас. Постојат огромен број на теми и плагини кој можат да ви помогнат да ја збогатите содржината.

 

Веб страници за вашиот бизнис

 

Со помош на WordPress може многу лесно да изградите професионален бизнис веб-сајт. WordPress е толку моќен што многу големи имиња на брендови го користат за да ги изградат своите веб-страници. Како пример ќе ги издвоиме веб страниците на BBCАmerica и Microsoft. Интерфејсот што го нуди оваа платформа е лесен и прилагодлив, збогатен со едноставни алатки кои ви озможуваат брзо градење на вашата веб станица, а потоа само ажурирање на содржината и информациите.

 

Портфолио

 

WordPress е идеален за креирање на портфолија за вашата работа. Може да најдете соодветна тема во сооднос со вашата дејност и врз основа на темата да ги поставите вашите изработки како и ваши контакт информации. Самата тема ќе му понуди добро корисничко искуство и подобар приказ на тој што го разгледува вашето портфолио.

 

Форуми и Chatrooms

 

Со инсталација на одредени плагини WordPress може да се користи дури и како платформа за онлајн комуникација.

 

E-commerce сајтови

 

Постојат одлични плагини како WooCommerce, Easy Digital Downloads и WPE Commerce кои го претвараат вашиот веб-сајт на WordPress во целосно функционална платформа за е-трговија. Можете да ги прифатите плаќањата, да управувате со залихите, испораките, даноците и корисниците од истото место.

 

Модули за учење како и веб страни за универзитети и училишта

 

Сајтовите на илјадници училишта и универзитети во светот се базирани на WordPress. Тоа е така бидејќи WordPress е  безбеден, сигурен и лесен за управување. Како примери може да ги издвоиме веб страниците на Harvard Blogs и University of Berlin.

 

 

Галерии

 

Без разлика дали сте професионалец или аматер доколку сакате вашите фотографии да се убаво прикажани и достапни онлајн, тогаш WordPress може да ви помогне во тоа. Со инсталација на соодветни плагини и теми можете да креирате неверојатно убави веб-сајтови за фотографија. Можете да додавате галерии, албуми, наслови, слајд шоуа и слично.

 

Лични веб-страници за самопромоција

 

Во WordPress може да креирате веб страница да се промовирате себеси, тоа што го работите, овде исто може да го вклучите вашето портофолио, како и делото со блог постовите.

 

 

Сајтови за барање работа

 

WordPress ви овозможува лесно да креирате работна табла каде што работодавачите можат да објавуваат огласи за работа и професионалци можат да одговораат на нив. 

 

Бизнис директориуми

 

Постојат некои одлични плагини во WordPress на кои ќе ви овозможат лесно да креирате бизнис директориум. Можете дури да креирате веб-директориум кој не е ограничен само на бизниси.

 

Q&A (Question-Answer) веб страници

 

Со WordPress можете лесно да креирате страница за прашања и одговори. По примерот на Yahoo Answers, Stack Exchange, или Quora. Во соодветна комбинација со други алатки, може да се изградите своја просперитетна онлајн заедница.

 

Непрофитни и религиозни веб-страници

 

Во WordPress постојат теми за цркви и непрофитни организации. Со додатоци на WordPress можете да креирате донаторска форма со прифаќање на донации од PayPal.

 

  Забавни сајтови

Во WordPress постојат огромен број на теми во најразлични бои и со најразлични функции кои може да ви помогнат во креирањето на забавни содржини.

 

Ние во SourceMX ја обожаваме оваа платформа и нашиот веб сајт е базиран на WordPress. Тоа ни помага лесно и едноставно да управуваме со содржината и да ja ажурираме секојдневно.

Доколку овој блог пост те инспирира да научиш како да изградиш веб страна со WordPress, пријави се на курсот што го организира SourceMX Academy. Прочитај повеќе информации на линкот или пријави се веднаш.