11 најкорисни кратенки за брзо дизајнирање во Illustrator


Сите ние кои користиме Adobe Illustrator за дизајнирање на едноставни и сложени проекти често се наоѓаме во ситуација кога ни е потребна брзината на Flash за да завршиме одредена задача. Всушност, тоа што ни треба е да ги знаеме најкорисните кратенки за брзо дизајнирање, а супер-брзината може да ја оставиме на Flash за да го спасува светот.

Штом еднаш се навикнете на овие кратенки, ви гарантирам дека вашата брзина ќе се зголеми за најмалку два пати. Понекогаш за еден дизајн е потребно да користите една алатка повеќе пати, а вие тоа секако дека ќе сакате да го забрзате. Без разлика на тоа дали сте почетник или искусен веб дизајнер, кратенките во продолжение ќе ја подобрат вашата ефикасност во Illustrator. Не грижете се, Ctrl + C и Ctrl + V се изоставени од листата.

Selection Tool: 

Почнуваме со најосновната, но најчесто користената алатка: Selection tool. Ова е една од оние алатки кои несомнено ги користите преку 20 пати во еден дизајн. Со кликање на копчето “V” алатката ќе ви биде веднаш достапна.

Brush Tool: 

Доколку го користите Illustrator во главно за цртање од вашиот графички таблет, ова е една од најважните алатки за вас. Скратеницата е едно единствено копче, “B”, а ќе ви заштеди време со тоа што ќе го елиминира времето потребно да го оставите пенкалото од графичкиот таблет за да го контролирате маусот или пак непријатното контролирање на курсорот со пенкалото.

Pen Tool: 

Без разлика на тоа за какви цели го користите Illustrator, моливцето е една од најчесто користените алатки, а нејзината кратенка е исто така претискање на едно копче: P.

Toggle Menu Bar: 

Понекогаш сите тие алатки кои ги имате поставено на вашиот простор за дизајнирање знаат да ви запречат при вузиализирањето на вашиот дизајн. Но, не грижете се – потребен е само еден клик за сите алатки од лево и десно да се сокријат до следното претискање на “Tab”.

Eyedropper Tool: 

Боите се помеѓу најважните елементи во еден дизајн. Со кратенката “I” ќе ја вклучите алатката Eyedropper tool која ќе ја ископира бојата од елементот кој ќе го изберете.

Rectangle Tool: 

Уште една често користена алатка чија кратенка ќе го забрзи креирањето логоа или иконки со геометриски форми.

Ellipse Tool: 

Можеби елипсата и не е една од најчесто користените форми во Illustrator, но добро е да се знае. Оваа алатка има и една скриена функција. Доколку држите Shift додека ја цртате елипсата, вие всушност цртате правилен круг.

Paste in Front:  

Кога ќе сакате да направите Clipping Mask, на пример, наместо класичното лепење со Cmd/Ctrl + V, копирајте го или исечете го елементот кој треба да е најнапред и залепете го користејќи ја кратенката Cmd/Ctrl + F.

Lock Selected Artwork:      

Ова е корисна кратенка доколку некој слој од документот постојано ви попречува во дизајнирањето.

Duplicate Selection:   + drag

Ова е една од алатките без која не можам да замислам како би работил во Illustrator. Ова кратенка всушност ќе ви ја олесни класичното копирање и лепење на елементи. Едноставно задржете “alt” и повлечете го елементот.

Save for the Web & Devices:       /     

Кога вашиот дизајн е готов, наместо непотребно губење време на контролирање на маусот, скратете си ја процедурата за зачувување на вашиот проект во форма за веб или уреди со оваа кратенка.

Овие крaтенки се само еден мал број на кратенки кои ќе ви го забрзат процесот на дизајнирање. Постојат уште стотици кратенки кои додатно може да ви ја зголемат ефикасноста во Illustrator.


Сакате да читате повеќе совети и трикови за маркетинг, дизајн и програмирање? Кликнете на Send in Messenger, а ние ќе се погрижиме да добивате корисни информации.

(1) Comments

Comments are closed.